Кривична за скопјанецот кој ѕверски малтретираше куче

Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди.

Со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ на РСМ, информираа од МВР. 

Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари

Полицијата од Свети Николе поднесе кривична пријава против 31-годишниот Р.С. од Скопје поради измама.

„Пријавениот, претставувајќи се како вработен во банка, исконтактирал друго лице и го довел во заблуда да му го даде кодот кој пристигнал на неговиот мобилен телефон заради наводно ажурирање на податоци, при што го оштетил за 683.000 денари“, велат од МВР.

Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили

На 21.11.2024 во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 03 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа.

Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б..

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче

Полицијата во Гостивар поднесе кривична пријава против 41-годишниот М.Н. поради постоење сомнеж дека сторил кривично дело „мачење животни“.

Имено осомничениот на 06.10.2024 во с.Долна Бањица, гостиварско, со воздушна пушка пукал кон куче.

Популарно