61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје.

Случајот се смета за највозрасната прворотка во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба.

Бебето било зачнато со ин витро.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали.

Видео: Србин постави чадори за своите сограѓани, како гест на љубезност

Имено, за време на дождливите и снежните денови, тој постави бесплатни чадори во центарот на градот, сакајќи да им помогне на своите сограѓани, особено оние кои не беа подготвени за новите временски услови.

- Се надевам дека барем малку им помогнав, напиша 25-годишниот Лука.

Под неговото видео, следеа коментари: „Лука е прекрасен, многу луѓе треба да се угледаат на него“, „Браво, вака се сака градот“, „Само продолжи така“, „Прекрасно е што мислиш на своите сограѓани“, „Среќа е кога некој мисли и се грижи за тебе - тоа се луѓе со душа“, „Браво, секоја чест за тебе“, „Ти си крал“...

@aleric.luka Nadam se da sam im pomogao malo #fy #foryou #pancevo #lukaaleric #pancevo❤️ #foryoupage #srbija #balkan #serbia ♬ original sound - aleric.luka

Лука привлекува внимание со слични гестови на љубезност и добрина кон другите луѓе. За него, тоа се „најслатко потрошени пари, бидејќи се дадени со љубов“, како што рече самиот во друго видео.

Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите

Мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби, биле разменети на денешната средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Венко Филипче, претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседател на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Како што информираат од Кабинетот на Сиљановска Давкова, Филипче ја информирал претседателката за актуелните партиски промени врзани за изборот и конституирањето на новите партиски органи и функционери.

Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Филипче ја нагласил потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.

Претседателката го информирала Филипче за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија. 

Филипче по средбата изјави дека и укажал на претседателката оти треба да реагира за, како што рече, „партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури“.

-Јас изразив загриженост и укажав дека сметам дека треба да реагира за некои работи кои се во нејзини ингеренции, а тоа е пред се партизацијата која што се случува во делот на безбедносните структури. И укажав на ризикот. Сметаме дека може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции, ако се продолжи со ваква партизација имајќи предвид дека сме имале едно такво лошо искуство во минатото, дека таква гломазна безбедносна партизирана институција може да се злоупотреби. Ние сме направиле реформа тие институции се тогаш поделени и професионализирани и навистиина сметаме и рeагираме дека треба да се запре партизацијата, посебно што во овој момент се случува во Агенцијата за национална безбедност и дополнително сметаме дека обединувањето на агенциите од две во една, ќе направи навистина гломазна институција која што тешко ќе може да се контролира. Тоа и го укажав на претседателката, изјави Филипче по средбата која ја оцени како пријатна, пријателска и конструктивна со цел натамошна конструктивна соработка.

Средбата ја побарал тој по последната седница на Комисијата за европски прашања каде имала изглагање претседателката и го изнела искуството од нејзиното членување во Националниот совет за евроинтеграции.

Филипче порача дека ваква форма на политички дијалог на претседателката со опозицијата треба да прерасне во редовни средби.

-Јас искрено посакувам ова да биде еден политички дијалог кој ќе стане пракса. Па согласно тоа да видиме дали ќе има некаква реакција од нејзина страна. Јас и понатаму ќе продолжам да да споделувам тоа што сметам дека треба да се споделува со претседателката. Укажав и на некои информации дека за жал некои ваши колеги новинари се плашат да објавуваат текстови поради тоа што имаат притисоци од безбедносните служби. Сметам дека е сериозен процес на сузбивање на демократијата, рече Филипче.

Прашан дали на средбата добил информации за деблокада на евроинтеграциите и разговорите на Силјановска Давкова со бугарскиот претседател Румен Радев рече дека СДСМ ќе ја поддржи секоја подобрена позиција која што Владата ќе ја обезбеди согласно ветувањата и обидите.

-Ја информирав претседателката дека за време на преговорите кога ги водеше СДСМ, сме се обиделе уставните измени да бидат со одложено дејство, меѓутоа тогаш тоа од  бугарска страна, од раководството на тогашниот премиер Петков, не било прифатено. Која било подобрена позиција ние ќе ја поддржиме, рече Филипче.

За да дадат поддршка во Собранието на предлог за уставни измени со одложено дејство рече дека „треба да добијат потврда дека тоа е возможно“.

-Многу опции, многу варијанти се работеле во изминатиот период. Јас имав состаноци коишто и тогашниот премиер Ковачевски, и тогашниот наш преговарач Маричиќ ми укажаа кои работи се обиделе да ги направат, што било возможно, што не било возможно. Ние успеавме да го направиме тоа. Сите други обиди меѓу другото и одложеното дејство на уставните измени тогаш бугарската страна не го прифатила. Што и да направи сегашната Влада, што  ги подобри нашите позиции, ние тоа го поддржуваме, изјави Филипче.

Прашан дали ќе може да стане пракса да има почести средби со премиерот Христијан Мицкоски и кога би можело да се очекува средба со него, Филипче одговори дека е отворен за каква било средба.

-Јас сум отворен за каква било средба. Досега бевме целосно посветени во партијата на поставување на партиските структури. Сега имаме нов Централен одбор. Утре ќе заседава Централниот одбор и ќе го избере и новиот извршен одбор и потпретседателите. Веќе ќе бидат поставени сите структури во партијата и можеме да зборуваме за било какви состаноци, изјави претседателот на СДСМ.

Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус

Литванските власти ги открија црните кутии на товарниот авион на германската логистичка компанија ДХЛ, кој се урна вчера во близина на Вилнус, јави ДПА.

„Покрај дневникот со податоците од летот, откриен е и гласовниот запис“, соопшти денеска литванското Министерство за правда.

Двата уреди беа извадени од урнатините околу пладне и сега се испитуваат. Црните кутии може да дадат информации за се уште непознатите причини за несреќата.

Авионот, кој летал на линија од Лајпциг до Вилнус, се урнал во близина на главниот град на Литванија, на неколку метри од станбена зграда. Едно лице загина.

Популарно