Доктор Колев: Народ што дише отров, нормално е да плука отров!

Докторот кардиохирург Александар Колев со интересна констатација на својот фејсбук профил.

Загадувањето на водухот на кое сведочиме во изминатиот период, го поврза со екстремниот говор на омраза кој, се чини, постојано се шири на социјалните мрежи. 

- Тоа што дишеме отров не ни пречи, ама на многумина им пречи жената што станала мајка на 61 година. Народ што дише отров, нормално е да плука отров! - напиша тој во својата кратка, но моќна констатација.

За родилката имаше низа реакции на социјалните мрежи.

Белгија е првата земја во ЕУ која ќе користи специјален дрон за транспорт на крв за болниците

За прв пат во Белгија патнички дрон транспортираше крв за потребите на болница, објави порталот Фокус на Белгија.

Белгискиот сајт оцени дека од технички аспект е отворен патот за економски, еколошки и ефикасно извршување на сложени медицински транспорти во секојдневниот живот, за кои традиционално се користат хеликоптери или лесни авиони. Сепак, од правен аспект, тоа сè уште не е можно.

Пробниот лет се одржа во близина на Лимбург во фламанскиот дел на Белгија. Беспилотното летало, со две патнички седишта и 16 електромотори и пропелери, летал до 130 километри на час за 30 минути.

Дронот поминал 2,6 километри без пилот со пакети крв. Авионот е дело на белгиската компанија Хеликс.

Овој авион е прилагоден за брз транспорт на крв до болници или во случај на обезбедување итна помош на недостапни места.

Сепак, законодавството во областа на сообраќајот во Европската унија сè уште не држи чекор со технологијата и иновациите во тој сектор, но пробниот лет е чекор во вистинската насока, објави порталот.

Правник ја искина универзитетската дипломата по предлогот на власта за измени на КЗ

Дипломиран правник ја искина дипломата по информацијата дека Владата на Собранието му предложи измени на Кривичниот законик со кои се намалуваат затворските казни за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања. Имено, на социјалната мрежа Фејсбук, правник објави фотографија од искината универзитетска диплома, истакнувајќи дека се срами каде завршил факултет.

„После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Пи*ка Ви Матер“, стои во описот на објавената фотографија. 

Популарно