КАМ соопшти дека на вработените ќе им исплати рекорден К-15

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто.

Задоволството на вработените директно влијае врз перформансите на една компанија, а тоа секако се рефлектира и со зголемена продуктивност, лојалност и креирање на еден стабилен и компактен тим во кој луѓето се задоволни и сакаат професионално да растат и да се надградуваат.

КАМ е ориентиран кон потребите и интересите на вработените, а за тоа сведочи посветеноста да се креира позитивна и поддржувачка работна култура. Со овој пристап, целта е да се зголеми задоволството од работата, мотивацијата и ангажманот на вработените.

На членовите на тимот на КАМ им се обезбедени конкурентни плати, како и голем број бенефиции и поволности. Компанијата овозможува обука и развој кои се задолжителни за сите вработени во првиот месец од вработувањето, а и понатаму постојано се вложува во нивниот професионален развој. Обезбедени се одлични услови за работа, бонуси, како и плати кои високо го вреднуваат и стимулираат трудот и севкупната работа на вработените.

– Сите овие придобивки ги уживаат вработените на КAM, кој во нашата држава е посакувано место за работа во областа на малопродажбата што резултираше со освоена награда за најпосакуван работодавач за 2022 година во категоријата маркети. КАМ како лидер на пазарот во областа на малопродажбата, воедно е и пример и поттик за останатите ланци на маркети во државата кои се стремат и настојуваат за воведување на конкурентни плати и бенефиции за вработените – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Успехот на компанијата, пред сè, се должи и на сите 1.400 вработени. КАМ исто така е насочен кон експанзија и моментално во државата има 84 маркети, а во план е понатамошно ширење и дополнително отворање на нови локации во наредниот период

Регрес за годишен одмор и континуирани награди

Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната. На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од 33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто, односно 41.000 денари. Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот.

Бројни бенефиции за секој член на тимот

Покрај регресот за годишен одмор, во делот за бенефициите предвидени се и останати придобивки за вработените (и за членовите на нивните семејства) како што се: пакет за добредојде за новите вработени, бонус за препорачан пријател, слободни денови за роденден и за лојалност кон компанијата. Меѓу другото, вклучени се и ваучер за склучен брак, ваучер за спортска опрема како еднократни бенефиции за вработените, можност за користење картичка за спортски активности со минимална партиципација од вработените, пакет производи за верските празници, празничен ваучер, пакет производи за новороденче, пакети со школски прибор за вработените чии деца се во училиште и се доделуваат при почетокот на првото и второто полугодие, а дополнително тука се и подароци за денот на жената и попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид.

Вработените од одредени сектори имаат и платен организиран превоз и оброк, како и бонуси за редовност кои влијаат стимулирачки и се поттик за подобрување на постоечките перформанси на вработените.

Дополнително, КАМ вложува во едукација на ученици од дуалното образование од средните училишта кои посетуваат пракса во компанијата, како и на студентите кои согласно платената практикантска работа се здобиваат со можност да стекнат практични знаења и вештини, а дел од нив добиваат и шанса за редовно вработување.

Компанија која континуирано инвестира

Платите и секако бенефициите кои ги уживаат вработените во КАМ директно влијааат врз зголемувањето на задоволството на вработените и имаат удел и во постигнатите резултати на компанијата.

КАМ петта година по ред е прогласен за маркет чии производи се со најдобар квалитет во Македонија – сертификатот QUDAL доделен од независната швајцарска интернационална агенција ICERTIAS. Дополнително, наградата Best Buy Award, веќе петта година по ред потврдува дека КАМ има најдобар сооднос на цена со квалитет.

Уште едно истражување, на „Инсајдер ИД“, потврдува дека КАМ е најпопуларниот маркет во Македонија седум години по ред. КАМ и во 2023 година е прогласен за број 1 префериран ланец на маркети на домашниот пазар во повеќе поткатегории: највисока лојалност, најдобар сооднос на цена и на квалитет, како и најдобра локациска покриеност.

Вработените се највредниот ресурс на компанијата. Нивната благосостојба, задоволство и раст се најважни. Како дел од нашата постојана заложба за градење на поттикнувачка и поддржувачка работна средина, КАМ останува посветен на постојано подобрување на условите за работа.

Извор: Newz24live.com

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно