Министерството за внатрешни работи денес ги објави меѓународните потерници за Артан Груби и Перпарим Бајрами.
И двајцата поранешни функционери се бараат за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 в.в. чл.22.од КЗ на РСМ.
Ваквата објава на МВР доаѓа по вчерашната наредба на ОЈО Скопје за распишување меѓународна потерница.
Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се надвор од државата.
„Мерката ќе се спроведе во моментот кога осомничените ќе бидат достапни на органите на прогонот или доколку во меѓувреме самите се пријават во Судот“, информираат од Кривичниот суд.
Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата.