Бесар Дурмиши: Не треба целосно да се укине „недела неработен ден“

Не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, вели министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува дека не очекува манипулации со новогодишната кошничка, а слична мерка најавува и за Рамазан и Велигден, како и дека зголемување на границата за пензионирање не се предвидува.

Во однос на препораките од Фискалниот совет и Светска банка за зголемување на старосната граница за пензионирање и кој е неговиот став, Дурмиши посочува дека согласно реорганизацијата на институциите, надлежноста на трудот доаѓа кај Министерство за економија и труд, но надлежностите за пензиите се на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

- Јас на прашањето, како член на Владата би го повторил ставот на премиерот дека не е предвидено зголемување на старосната граница за пензионирање. Но, да ве известам дека, како што знам, се прават анализи за реформа на пензискиот систем, изјави Дурмиши.

Прашан дали е можно да се исполни барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 450 евра, Дурмиши вели дека синдикатите бараат да се зголеми минималната, но од друга страна ги имаме и работодавците кои се против зголемување на секоја вредност на минималната плата додека не се зголеми продуктивноста.

- Ние како Влада сме го отвориле како тема во рамки на Економско-социјалниот совет и сме оставиле тие да се усогласат. Како што се усогласени за Законот и правилата како да се зголемува минималната плата во март секоја година, пак ќе ги оставиме да се усогласат. Секоја одлука која ќе ја донесат работодавците и синдикатите, ние им стоиме на располагање и ќе ги поддржиме. Треба да се видат сите засегнати страни, треба да се видат и работодавците, на крај на краиштата тие се оние што ги отвораат работните места. Тие имаат барање да се зголеми прво продуктивноста, а потоа да се зголеми минималната плата. Во предлог-буџетот за 2025 година има предвидено средства да се зголеми минималната плата. На крајот на месец февруари, кога ќе ги земеме крајните податоци ќе ги направиме анализите и ќе видиме колку ќе дојде тоа зголемување на минималната плата. Според податоците што ги имаме досега, до 11 месеци, минималната плата ќе биде околу 24,400 денари, изјави министерот.

Прашан дали во Економско-социјалниот совет разговарате и за ревизија на законското решение за „недела неработен ден“, Дурмиши вели дека и тука има спротивставени страни.

- Работодавачите бараат да се укине „недела неработен ден“, но од друга страна ги имаме синдикатите кои бараат да остане така како што е. Одредени дејности на занаетчии, од коморите итн., бараат одредени дејности ние да ги ослободиме од недела да биде неработен ден. Така што, оваа тема се отвора во рамки на Економско-социјалниот совет. Секој месец се одржува по една седница и ќе видиме кои дејности треба да ги ослободиме за да може да ги вршат своите задачи и да имаат повеќе производи, изјави тој.

Како министер, тој посочува дека одредени дејности во насока на работата треба да се ослободат за да може во недела да работат, но не да се укине целосно „недела неработен ден“.

- Да остане така како што е, но одредени дејности да ги ослободиме да може да работат. Да направиме некои измени, изјави тој.

Прашан за акцијата Новогодишна кошничка, Дурмиши вели, дека се почитува и е применлива.

- Според податоците што ги имавме од есенската кошница каде ги замрзнувавме цените на 10% на трговија на мало и на големо, таму беа опфатени околу 73 одредени групи на производи, таа мерка ги даде своите резултати. Сега имаме друг вид на мерка која сами ја нудат трговците, производителите и дистрибутерите. На 5 декември кога беше најавена оваа мерка, ние до тогаш имавме повеќе од 10 состаноци и беа опфатени 675 производи од 58 трговци. Сега додека зборуваме, уште повеќе се надополнуваше таа бројка. Стигна до 1,068 и кошницата е отворена до 15 јануари. . . . Овие акции се акции каде во временски период кога се празниците, ние како Влада задно со бизнис комората излегуваме во пресрет на граѓаните за подобрување на животниот стандард и намалување на цените. Нормално дека ќе има и понатаму, како што е рамазанската, велигденската кошничка итн, посочува министерот Дурмиши. 

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги постави прашањата што сите не засегаат!

По успешната прва сезона, се враќаме со нови гости, добро познати на јавноста, стручни лица, активисти кои ќе ги споделат своите ставови за актуелните состојби.

Се отвора и простор за споделување на лични случки на граѓаните, проблемите, предизвиците и искуствата со кои се соочуваат секојдневно низ болниците во Македонија.

Менче Точи транспарентна и директна како и секогаш ќе ги поставува прашањата што се важни за сите граѓаните, ќе ги отвора темите за кои можеби никој не зборувал и ќе ги пренесе приказните што го отсликуваат здравствениот систем. Емисијата ќе понуди и практични видео совети од спонзорите Зегин и Промедика, со корисни информации за здравјето и грижата за себе.

Првата епизода: Инсулински пумпи и сензори за пациентите со дијабетес тип 1.

Гостин е Зоран Стојкоски, пациент и активист за правата на пациентите со дијабетес. Втората сезонс на „Клиника за се“ започнува вечерва, во 18:00 часот, со премиерното емитување на првата епизода на YouTube.

Промоција на книгата „Ткажалки“ од Александра Јуруковска во КИЦ – Белград

В понеделник (5 октомври) во 19 часот во македонскиот Културно- информативен центар во Белград ќе биде промовирана стихозбирката „Ткажалки“ од Александра Јуруковска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на Друштвото на писателите на Македонија за 2025 година. Настанот е замислен како разговор со авторката,

а ќе го води новинарката Сребра Ѓорѓијевска. „Ткажалки“ е прва поетска книга на Александра Јуруковска, за која критиката ќе напише:  Веќе со својот поетски првенец, авторката успева да воспостави мост меѓу личното и универзалното, што претставува несомнен естетски квалитет. Од друга страна, нејзините песни не се само лирски обраќања до загубеното, туку се и женски отпор, сведоштво и внатрешна борба против заборавот. Оттаму и една мошне суптилна ангажирана нота вткаена во зборовите, но и во тишините на песните поместени во Ткажалки - подвлекува универзитетската професорка и критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска.

Во одлуката на жири комисијата за минатогодишната награда „Даница Ручигај“ на ДПМ, беше потенцирано и дека поетскиот јазик во триесетината песни на „Ткажалки“ е сплетен претежно од зборови карактеристични за нашата современост, но и со зборови што произлегуваат од нашата јазична традиција, обојувајќи ги стиховите со своевидна патина.

На тој начин авторката внесува лична нота во современата македонска поезија. Александра Јуруковска е книжевна критичрка, новинарка и промоторка на културата. Автор е на книгите: Ткаење на текстот (новинска критика; Силсонс, 2014), Медиумскиот егзил на книжевноста (интермедијалната студија; Авант прес, 2018) и 2 минути и 40 реда (радио и новинска критика; ПНВ публикации, 2020). Објавува критика и есеистика во најзначајните домашни и регионални списанија за литература, култура и културолошки истражувања, како и на неколку специјализирани портали. Работи во Националната и универзтитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а на македонската културна и книжева сцена е присутна цели 25 години.

На 6 октомври Јуруковска и Ѓорѓијевска ќе учествуваат на панел за видливоста на културата во македонскиот и српскиот контекст што ќе го модерира директорот на КИЦ- Белград, Васко Шутаров. Проектот „Ткажалки“ во македонскиот КИЦ во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам како дел од меѓународната промоција на современото македонско литературно творештво, јазик и култура.

Вработување во УНИБанка, СЕТЕК и Natura Therapy!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

УНИБанка опстојува 30 години на македонскиот банкарски пазар, која нуди широк спектар на продукти услуги насочени кон правниот и физичкиот сегмент.

Моментално вработува:

Mенаџер за Корпоративна продажба

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио, видео и бела техника кој на македонскиот пазар е присутен 33 години.

Моментално вработува:

Референти за продажба во Охрид

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Natura Therapy е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално ваработува:

Оператор во Call Centar за продажба
Стручни соработници во Сектор за производство - Подружница Натура Терапи Лабс во Штип

Беоспорт е меѓународен ланец на продавници кој во својот асортиман ги нуди светски познатите брендови (Pepe Jeans, Superdry, Nine West, G-Star, Garcia Jeans, O`Neill, Quiksilver, Roxy, DC, Wilson, Nine West, Dune).

Моментално вработува:

Асистент за продажба во Беоспорт City Mall

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно