Маж тешко повреден додека пешачел

На 27.12.2024 година во 07:40 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на улицата „Живко Брајкоски“ во Гостивар, патничко возило „Ауди“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Д.К.(27) од Гостивар, удрило во пешакот Е.С.(63) од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.С., констатирани во Ургентниот центар Гостивар.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа.

(Фото) Ова е мајката Сања која го роди првото дете во 2025 во Македонија

Првороденото бебе за 2025 година се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје.

На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. 

Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат.

Паркингот во Центар утре нема да се наплаќа

ЈП Паркинзи на општина Центар преку соопштение известува дека по повод претстојните празници паркирањето во Општина Центар ќе биде без наплата за сите граѓани.

„Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2025 година (среда) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат без наплата. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 02.01.2025 година (четврток) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците како и паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата“, се вели во соопштението на ова јавно претпријатие.

Почнува зимскиот распуст, ќе трае до 20. јануари

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.

Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.  

Популарно