Почнува зимскиот распуст, ќе трае до 20. јануари

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот  распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.

Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни,  бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.  

Разбиена организирана група: Увозници, шпедитери и царински службеници шверцувале употребувани возила

Царинската управа преку Секторот за контрола и истраги откри и спречи организирана мрежа во која увозници, шпедитери, возачи вработени во превозни компании и царински службеници организирано вршеле кривични дела со употребувани возила, при што овие возила на нелегален начин биле ставани во промет и завршувале на авто-плацеви во Македонија без да се платат увозни давачки.

Запленети се 35 автомобили со вкупна вредност од 20 милиони денари, при што врз Буџетот на државата преку избегнување плаќање увозни давачки е нанесена директна штета во висина од 9 милиони денари. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на прес-конференција на која информираше за случаите.

Директорот притоа рече дека постои сомневање оти избегнатите давачки и штетата нанесена на Буџетот на државата е многу поголема, затоа што е голема веројатноста во изминатите години овие дела да се случувале повеќекратно.

„Досега, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се поднесени кривични пријави за 24 лица, 19 физички и пет правни лица, за сторени кривични дела: царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување. Со целосно завршување на предистражните и истражните дејствија, кривични пријави ќе следат за други лица, при што некои од нив ќе се теретат за повеќекратно извршување на исти или слични дела. Во однос на царинските службеници кои извршиле злоупотреба на службена положба и овластување, во тек се дисциплински постапки, по што ќе следат соодветни казнени мерки“, потенцира Николовски.

Поконкретно, во овие случаи, како што информира директорот, Секторот за контрола и истраги при Царинската управа утврдил грубо кршење на законските прописи. Сторителите на кривичните дела, кои биле учесници во добро организирана и разработена шема, изработувале фалсификувани придружни документи кои се потребни за завршување на царинската постапка и фиктивно гo раздолжувале транзитот без притоа да спроведат царинска постапка. Така, без да бидат платени царината и другите увозни давачки, возилата биле пуштани во слободен промет и истите завршувале на различни авто – плацеви во државата.

Николовски порачува дека нема да има простување, и оти се става крај на организираниот криминал и корупцијата. Откривањето на овие случаи, вели, е само почеток од она што следи, при што ќе продолжат со исто и засилено темпо кон откривање и спречување на сите вакви криминални појави и со зголемување на приходите во Буџетот.

Мицкоски: Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судски совет

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање за краток коментар во врска со изборот на новиот претседател на Судски совет, изјави дека нема коментар и нема што да дополни на тоа што се случува, туку останува да видиме како тој ќе работи.

-Немам коментар. Пречесто некако коментираме, па пречесто експертите ги коментираат нашите коментари. Јас немам што да кажам ниту пак да дополнам на тоа што се случува. Да видиме како ќе работи новиот претседател на Судскиот совет, рече Мицкоски, кој денеска присуствуваше во Радовиш, на пуштање во употреба на спортска сала „25 Мај“.

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска на 510-тата седница со 13 гласа го избра судијата Александар Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.

Мицкоски пред Нова година изјави дека се размислува за неколку потези после празниците во однос на Судскиот совет. -Размислуваме за неколку потези, некои мерки кои ќе ги преземеме после празниците, затоа што и покрај најавите дека се надминати оние појави на анксиозност, дијареа, грчеви и покачена температура, сè уште тие процеси траат кај одредени обвинители и судии. Граѓаните мора да ја добијат правдата. Планираме вакви активности во следниот период, рече премиерот Мицкоски, одговарајќи тогаш на новинарско прашање дали се планира разрешување на оние членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.

Премиерот исто така тогаш кажа дека „луѓето кои имаат доверба од граѓаните од два отсто, не ја заслужуваат платата којашто ја земаат“.

Вработување во Кам Маркет, Магна, Нептун!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

КАМ доо е најголем национален хард-дисконт и трговец-лидер во малопродажбата во Македонија. КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: висок квалитет по ниски цени.

Моментално вработува:

СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЗАЛИХИ
СОРАБОТНИК ЗА ФИНАНСИИ - КАМЧЕВ ГРУП
АСИСТЕНТ НА ВОЗЕН ПАРК

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
QUALITY SUPERVISOR

Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 30 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени.

Сите огласи од Тинекс можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува вашиот објект.

Сите огласи од ФМС можете да ги најдете ТУКА.

Котон е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаше над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално вработува:

ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ- СКОПЈЕ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL
ЗАМЕНИК РАКОВОДИТЕЛ НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ- БИТОЛА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТЕСТ ТАБЛИ
ДОСТАВУВАЧ НА МАТЕРИЈАЛИ НА ПРОЗИВОДНА ЛИНИЈА
ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ГОСТИВАР / PËRFAQËSUES I SHITJES NË GOSTIVAR
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО БИТОЛА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Популарно