Бојкот на маркетите поради високите цени

Поддршката за иницијативата за бојкот на маркетите вчера дојде и од Занаетчиската комора, која воедно, ги повика граѓаните да направат поправеден избор и да пазарат кај малите занаетчии.

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.

Премиерот Христијан Мицкоски деновиве неколкупати искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците кои го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард.

Тој и вчера од собраниската говорница на седницата за пратенички прашања, истакна дека нема да се дозволи, поединци да ги злоупотребуваат своите позиции и да заработуваат на грбот на граѓаните.

– Состојбата што ја затекнавме е алармантно катаклизмична. Има различни начини за справување со предизвиците, замрзнување на цени, замрзнување на маржите, замрзнување на дистрибутивните маржи… Тоа што ние прво го напрвивме е имплементирање на Законот за нефер трговски пракси, разговаравме со производителите и коморите се со цел да не применуваме офанзивни рестриктивни политики, туку тоа да биде со консензуален пристап и како резултат на тоа ја направивме новогодишната потрошувачка кошничка, рече Мицкоски.

Но, како што посочи, според сведоштва на граѓаните, дел од производителите, дистрибутерите и маркетите, се служат со трикови што доведе до поскапување на одредени производи, како што на пример беше цената на маслото за јадење.

– Дел од производителите тоа го правдаа со цената берзите која била зголемена, но ние проверивме и се уверивме дека тоа не е тоа така. Во целата спроведена анализа за потрошувачката кошничка воочивме дека можеби ќе треба да се прошири оваа акција, бидејќи како да ги заборавивме аптеките бидејќи со право пензионерите се незадоволни. Оваа акција ќе добие и свое второ полувреме и затоа апелирам до сопствениците на аптеки да размислат, а ќе има и трето полувреме за синџирите за бела техника. Ние пошироко ќе гледаме на оваа состојба бидејќи се влегува во потрошувачката кошничка, вклучувајќи ја и продажбата на текстил, нагласи Мицкоски. Најави дека во периодот кој што следи Владата планира намалување на парафискалните давачки, односно како што рече, нешто што позитивно ќе влијае на намалување на цените.

Цела вест на курир.мк

KARIERA.mk го најавува Global HR Vision – HR настан што поместува граници

Како водечка платформа за кариерен развој и вработување во Македонија, ние од KARIERA.mk со огромно задоволство го најавуваме нашиот најнов и најзначаен проект за оваа година – Global HR Vision.

Овој настан е нашата мисија да ги обединиме HR професионалците, лидерите и менаџерите кои не само што ги следат промените, туку сакаат да бидат нивни предводници. Во свет кој постојано се трансформира, нашата цел е да ви овозможиме пристап до знаење и стратегии кои ќе ги направат вашите организации посилни и поуспешни.

Што подготвивме за вас на Global HR Vision?

На 23-ти Април, во конференциската сала на Marriott Hotel во Скопје, подготвивме агенда која нуди одговори на најактуелните предизвици во индустријата.

На сцената ги носиме најдобрите меѓународен експерти, кои доаѓаат со реални искуства од светски рамки:

  • Peter Spannagl – Senior Manager Global Learning and Development
  • Nadina Tyropolis – Generative Leadership Coach и основач на Data Impact
  • Harbir Singh Rissam – Global Human Resources Business Partner
  • Ilona Popczyk – Chief People Officer & Data Protection Officer
  • Majda Berislavić – Head of Learning and Development, People & Culture

Зошто да ни се придружите?

Ова не е само уште една конференција. Global HR Vision е место каде што:

  • Учиме од практичари: Не само теорија, туку конкретни стратегии за лидерство, развој на таленти и иднината на HR.
  • Разменуваме идеи: Можност за вмрежување (networking) со колеги и лидери од сите индустрии во Македонија.
  • Градиме иднина: Нови перспективи кои ќе ви помогнат да изградите здрава и мотивирана организациска култура.

"Нашата цел со Global HR Vision е да донесеме светски знаења на домашен терен. Сакаме да им помогнеме на македонските компании да ги разберат новите текови и да создадат работни средини во кои луѓето ќе напредуваат," 

🎟️ Резервирајте го вашето место!

Картите за настанот се веќе достапни. Бидете дел од заедницата која ја гради иднината на работата во Македонија.

KARIERA.mk меѓу најдобрите е-продавници за услуги во Македонија

Со голема чест и гордост споделуваме дека KARIERA.mk е добитник на награда на E-commerce Awards 2025, каде што го освоивме третото место во категоријата „Е-продавница за услуги“. Ова признание претставува важна потврда за нашата работа и посветеност кон развој на квалитетни дигитални услуги за компаниите и кандидатите на пазарот на труд.

E-commerce Awards се организираат со цел да се препознаат и наградат најдобрите компании и платформи во областа на е-трговијата и дигиталните услуги во Македонија. За нас, ова признание претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на нашата платформа и да создадеме уште подобро искуство за сите корисници.

Во изминатите години, KARIERA.mk континуирано работи на подобрување на услугите и поврзување на компаниите со вистинските кандидати. Освоеното трето место е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека нашата работа е препознаена како дел од развојот на дигиталниот пазар во земјата.

Им благодариме на сите компании, кандидати и партнери кои ни ја даваат довербата и се дел од нашата приказна. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со иста посветеност за да создадеме уште подобри можности за вработување и развој на кариера.

Популарно