KARIERA DAYS vol.2 - Најди го твојот правец во кариерата на 9 и 10 мај

Подготви се за дводневен настан што инспирира, поврзува и отвора врати кон нови можности! Оваа пролет, на 9 и 10 мај, KARIERA.mk и East Gate Mall повторно ги здружуваат силите за организирање на KARIERA DAYS vol.2 – уникатен настан посветен на сите што бараат нова професионална насока, поголема мотивација или само добра дружба.

По успешната прва година, ова издание доаѓа со уште побогата програма, нови активности и поиновативен пристап во поврзувањето на компаниите и потенцијалните кандидати. Деталите ќе ги споделиме наскоро, но веќе сега можеме да кажеме, можете да очекувате уште побогата програма, повеќе можности за разговор со можеби вашите идни работодавци, повеќе простор за забава и уште подобро искуство за сите учесници.

KARIERA DAYS е дводневен настан што отвора простор за вистински кариерни средби

Наменет е за сите – од студенти што се на почеток од својот професионален пат, до искусни кадри кои сакаат нова насока или подобра работна средина. Во рамките на настанот, посетителите имаат шанса директно да се запознаат со водечки компании, да дознаат за актуелни огласи и да воспостават прв контакт во пријатна, отворена атмосфера.

Ова не е класичен саем за вработување – туку нов начин на градење врски меѓу луѓето и компаниите, каде човечкиот контакт и искрената размена на информации се во центарот на вниманието.

А како ни беше минатата година?

Во текот на еден викенд, десетици компании и стотици посетители создадоа енергија која уште се памети – беа воспоставени нови контакти, се водеа инспиративни разговори и многумина го најдоа токму она што го бараа.

Погледнете како изгледаше KARIERA DAYS 2024:

KARIERA.mk го најавува Global HR Vision – HR настан што поместува граници

Како водечка платформа за кариерен развој и вработување во Македонија, ние од KARIERA.mk со огромно задоволство го најавуваме нашиот најнов и најзначаен проект за оваа година – Global HR Vision.

Овој настан е нашата мисија да ги обединиме HR професионалците, лидерите и менаџерите кои не само што ги следат промените, туку сакаат да бидат нивни предводници. Во свет кој постојано се трансформира, нашата цел е да ви овозможиме пристап до знаење и стратегии кои ќе ги направат вашите организации посилни и поуспешни.

Што подготвивме за вас на Global HR Vision?

На 23-ти Април, во конференциската сала на Marriott Hotel во Скопје, подготвивме агенда која нуди одговори на најактуелните предизвици во индустријата.

На сцената ги носиме најдобрите меѓународен експерти, кои доаѓаат со реални искуства од светски рамки:

  • Peter Spannagl – Senior Manager Global Learning and Development
  • Nadina Tyropolis – Generative Leadership Coach и основач на Data Impact
  • Harbir Singh Rissam – Global Human Resources Business Partner
  • Ilona Popczyk – Chief People Officer & Data Protection Officer
  • Majda Berislavić – Head of Learning and Development, People & Culture

Зошто да ни се придружите?

Ова не е само уште една конференција. Global HR Vision е место каде што:

  • Учиме од практичари: Не само теорија, туку конкретни стратегии за лидерство, развој на таленти и иднината на HR.
  • Разменуваме идеи: Можност за вмрежување (networking) со колеги и лидери од сите индустрии во Македонија.
  • Градиме иднина: Нови перспективи кои ќе ви помогнат да изградите здрава и мотивирана организациска култура.

"Нашата цел со Global HR Vision е да донесеме светски знаења на домашен терен. Сакаме да им помогнеме на македонските компании да ги разберат новите текови и да создадат работни средини во кои луѓето ќе напредуваат," 

🎟️ Резервирајте го вашето место!

Картите за настанот се веќе достапни. Бидете дел од заедницата која ја гради иднината на работата во Македонија.

KARIERA.mk меѓу најдобрите е-продавници за услуги во Македонија

Со голема чест и гордост споделуваме дека KARIERA.mk е добитник на награда на E-commerce Awards 2025, каде што го освоивме третото место во категоријата „Е-продавница за услуги“. Ова признание претставува важна потврда за нашата работа и посветеност кон развој на квалитетни дигитални услуги за компаниите и кандидатите на пазарот на труд.

E-commerce Awards се организираат со цел да се препознаат и наградат најдобрите компании и платформи во областа на е-трговијата и дигиталните услуги во Македонија. За нас, ова признание претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на нашата платформа и да создадеме уште подобро искуство за сите корисници.

Во изминатите години, KARIERA.mk континуирано работи на подобрување на услугите и поврзување на компаниите со вистинските кандидати. Освоеното трето место е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека нашата работа е препознаена како дел од развојот на дигиталниот пазар во земјата.

Им благодариме на сите компании, кандидати и партнери кои ни ја даваат довербата и се дел од нашата приказна. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со иста посветеност за да создадеме уште подобри можности за вработување и развој на кариера.

Популарно