Запејте сите ангели“ во изведба на Бојана Скендеровски - песна што повторно блеска во сета своја величина

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ продолжува да ја распламтува љубовта кон татковината преку песна која не е само ноти, туку болка, радост, сеќавања – вистинска македонска емоција. Најновото музичко оживување во рамките на овој проект е легендарната „Запејте сите ангели“, песна што повторно блеска во сета своја величина, овојпат во маестрална и длабоко емотивна изведба на Бојана Скендеровски. Со уникатен вокал и душа полна љубов кон Македонија, Бојана ѝ дава нов живот на оваа композиција, под врвната музичка продукција на маестро Николче Мицевски.

Оригинално испеана од големиот Гоце Николовски во далечната 1991 година – година на историско значење за македонскиот народ – песната со музика на Николовски и текст на Јован Павловски, станува симбол на непокорниот дух и достоинството. Оваа композиција не е само музика, туку повик, повик до секој Македонец, каде и да е, да се сеќава, да љуби, да негува.

Скендеровски продукција, преку својата посветеност и автентична музичка визија, веќе ја остави душата на Македонија да прозвучи преку новите изведби на „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Како што е таа чаша” (Спасен Силјаноски) „Ја излези стара мајко”(Марија Спасовска), „По друм одам мајче“ (Мина Блажев) и „Горда Македонка“ (Зуица Лазова).

Секоја песна од овој проект е сведоштво за тоа дека музиката е јазикот на народот, мелодија на нашата меморија и идентитетот што го чуваме како најсвет дар.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ не е само музички проект, туку мисија - да ја зајакнеме љубовта кон земјата, да се потсетиме кои сме и зошто македонската песна е гордост и достоинство.

Уживајте во „Запејте сите ангели“ – и нека се слуша гласот на Бојана Скендеровски како одек на љубовта кон Македонија:

KARIERA.mk го најавува Global HR Vision – HR настан што поместува граници

Како водечка платформа за кариерен развој и вработување во Македонија, ние од KARIERA.mk со огромно задоволство го најавуваме нашиот најнов и најзначаен проект за оваа година – Global HR Vision.

Овој настан е нашата мисија да ги обединиме HR професионалците, лидерите и менаџерите кои не само што ги следат промените, туку сакаат да бидат нивни предводници. Во свет кој постојано се трансформира, нашата цел е да ви овозможиме пристап до знаење и стратегии кои ќе ги направат вашите организации посилни и поуспешни.

Што подготвивме за вас на Global HR Vision?

На 23-ти Април, во конференциската сала на Marriott Hotel во Скопје, подготвивме агенда која нуди одговори на најактуелните предизвици во индустријата.

На сцената ги носиме најдобрите меѓународен експерти, кои доаѓаат со реални искуства од светски рамки:

  • Peter Spannagl – Senior Manager Global Learning and Development
  • Nadina Tyropolis – Generative Leadership Coach и основач на Data Impact
  • Harbir Singh Rissam – Global Human Resources Business Partner
  • Ilona Popczyk – Chief People Officer & Data Protection Officer
  • Majda Berislavić – Head of Learning and Development, People & Culture

Зошто да ни се придружите?

Ова не е само уште една конференција. Global HR Vision е место каде што:

  • Учиме од практичари: Не само теорија, туку конкретни стратегии за лидерство, развој на таленти и иднината на HR.
  • Разменуваме идеи: Можност за вмрежување (networking) со колеги и лидери од сите индустрии во Македонија.
  • Градиме иднина: Нови перспективи кои ќе ви помогнат да изградите здрава и мотивирана организациска култура.

"Нашата цел со Global HR Vision е да донесеме светски знаења на домашен терен. Сакаме да им помогнеме на македонските компании да ги разберат новите текови и да создадат работни средини во кои луѓето ќе напредуваат," 

🎟️ Резервирајте го вашето место!

Картите за настанот се веќе достапни. Бидете дел од заедницата која ја гради иднината на работата во Македонија.

KARIERA.mk меѓу најдобрите е-продавници за услуги во Македонија

Со голема чест и гордост споделуваме дека KARIERA.mk е добитник на награда на E-commerce Awards 2025, каде што го освоивме третото место во категоријата „Е-продавница за услуги“. Ова признание претставува важна потврда за нашата работа и посветеност кон развој на квалитетни дигитални услуги за компаниите и кандидатите на пазарот на труд.

E-commerce Awards се организираат со цел да се препознаат и наградат најдобрите компании и платформи во областа на е-трговијата и дигиталните услуги во Македонија. За нас, ова признание претставува дополнителна мотивација да продолжиме со унапредување на нашата платформа и да создадеме уште подобро искуство за сите корисници.

Во изминатите години, KARIERA.mk континуирано работи на подобрување на услугите и поврзување на компаниите со вистинските кандидати. Освоеното трето место е уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека нашата работа е препознаена како дел од развојот на дигиталниот пазар во земјата.

Им благодариме на сите компании, кандидати и партнери кои ни ја даваат довербата и се дел од нашата приказна. Ќе продолжиме и понатаму да работиме со иста посветеност за да создадеме уште подобри можности за вработување и развој на кариера.

Популарно