Седум од десет жени испитуваат рак на дојка на приватно

Раната превенција од рак на дојка е клучен момент – и токму тука Македонија потфрла. Повеќе од 70% од пациентките со рак на дојка испитувањата ги прават на приватно заради премногу долгото чекање за термини  во државните болници, ова го покажуваат податоците на здружението Хема Онко кои во месец октомври кој е посветен на борбата против ракот на дојката се приклучуваат кон кампањите за подигнување на свеста за ова малигно заболување. 

На самиот настан со убав гест пациентите беа поздравени и охрабрени за нивната борба од случаен минувач кој даде поддршка на работата на зздружението Хема онко кој се фокусирани на онколошките пациенти. 

Од Хема Онко велат дека добиле ветување од Министерството за здравство дека ќе се воспостави национален регистар за онколошки пациенти.

Октомври е месец на свесност за рак на дојка ширум светот, со цел да се зголеми вниманието и поддршката за подигнување на свеста, раното откривање, лекувањето, како и палијативната грижа за оваа болест. 

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек и уште многу други инфраструктурни проекти

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во изјава за медиумите најави дека Општина Аеродром ќе добие нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти.

-Еден од првите проекти што ви ги претставувам како дел од мојата програма е редизајнот на ова вкрстување меѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“ со улиците „Руди Чаевац“ и „Симеон Кавракиров“. Оваа точка ќе ја решиме со проектирање на модерен кружен тек, според највисоки европски стандарди со безбедносни острови, јасна сигнализација, уредени пешачки премини и оптимизирани пристапи. Така ќе обезбедиме побезбедно, побрзо и поефикасно движење за сите. Овој кружен тек е еден од оние кои се интегрирани во концептот за редизајн на 50 критични крстосници и улици. Тој концепт, кој до 2030 година треба да биде целосно реализиран, има за цел да го доведе Скопје до визијата „нула фатални несреќи“, истакна Ѓорѓиевски.

Според Ѓорѓиевски, редизајнот на критичните точки, воведувањето кружни текови, подигнати премини и визуелни ограничувачи ќе ја намалат брзината, ќе ја зголемат видливоста и ќе создадат град во кој сигурноста е приоритет.

-Во таа насока, посебно значаен е проектот за целосна изградба на Булеварот АСНОМ. Со негова реализација, конечно ќе се воспостави долгорочното поврзување меѓу општините Аеродром и Гази Баба преку веќе изграден мост „Михаило Апостолски“. Во првата фаза, со фер и законско решавање на експропријацијата, ќе се овозможи поврзување со булеварот „Александар Македонски“, со отворање на нов, директен сообраќаен правец. Потоа, ќе следи втора фаза на проектот, со кој, преку детална проверка и можност за репроектирање на трасата кон „Ист Гејт“, ќе овозможиме рационално и правично надминување на  имотно-правните предизвици. Ова ќе значи побрзи излези, растоварен сообраќај и подобар квалитет на живеењето за илјадници граѓани. Истовремено, ве информирам и за еден од капиталните инфраструктурни зафати за градот-продолжувањето на булеварот „Февруарски поход“, односно “последна петка” со нов мост преку реката Вардар, кој директно ќе се поврзе со улицата „Перо Наков“, потенцира Ѓорѓиевски посочувајќи дека со оваа интервенција ќе се создаде нова, моќна сообраќајна оска што ќе ги обедини општините Аеродром и Гази Баба, ќе ги интегрира индустриските капацитети и јавниот превоз, ќе ја подобри мобилноста и ќе овозможи рамномерен развој на источниот и западниот дел од градот.

Тој нагласи дека сите овие проекти – кружните текови, безбедните крстосници, продолжувањето на булеварите и изградбата на нов мост – не се само проекти за Аеродром, туку се проекти за цело Скопје. – Моја визија е Скопје да стане град во кој секое дете безбедно стигнува до училиште, секој возач безбедно пристигнува дома, а секој граѓанин живее во средина со современа инфраструктура и европски стандарди, истакна Ѓорѓиевски.

Летал со 121 км/ч повеќе од дозволеното!

Вчера во периодот од 15:50 до 17:30 часот на автопат Скопје-Тетово, кај наплатна станица Желино, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово ги лишиле од слобода И.У.(36) од Гостивар, Р.А.(20) од Струга и Б.Љ.(23) од Тетово.

При сообраќајна контрола со радар констатирано е дека И.У. управувал патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 173 километри на час, дека Р.А.(20) од Струга управувал патничко моторно возило ,,ауди“ со струшки регистарски таблички со брзина од 181 километри на час и дека Б.Љ.(23) од Тетово управувал патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки со брзина од 221 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволена брзина е ограничена на 100 километри на час.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Популарно