Во куферот пред зградата на ВМРО ДПМНЕ немало опасни супстанци

Денеска (08.10.2025) во 12.55 часот лице од обезбедувањето на ЈП „Државни патишта“ пријавило дека на видео надзор пред канцелариите на ЈП „Државни патишта“ на плоштадот „ВМРО“ во Скопје биле забележани две лица како го разгледуваат местото, а едно од лицата оставило куфер. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека куферот е празен – велат од МВР

Празен бил куферот кој предизвика паника и евакуација на сите згради околу централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Информацијата за Прес24 ја потврди МВР

Мицкоски: Инфлацијата се намалува, нема зголемување на ДДВ, нема прифаќање ултиматуми

Еве трет месец по ред имаме инфлација која од 4,9 отсто дојде до 4 отсто и очкеуваме во следниот период да се намалува. Тоа е добра вест и за граѓаните, бидејќи на тој начин и тие ќе имаат подобар стандард и поквалитетен живот. Очекувам во следните два квартали да ја одржиме стапката на раст во рамки на бруто домашниот производ и во вториот квартал да порасне некаде околу 7,8 отсто што е важно, бидејќи кога го пресметувате буџетскиот дефицит важен е номиналниот раст на бруто домашниот приизвод, кои ќе биде највисок досега, истакна премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот Бизнис форум што се одржа во Струмица.

Тој очекува во рамките на буџетската консолидација оваа година дека ќе заврши да е на ниво под 4 проценти буџетски дефицит.

-Консолидирањето започна лани, не успеавме во 2022 и 2023 година и ќе продолжи наредната година и да дојдеме под оние 3,5 проценти, кои се нормални во европските земји. Очекувам стабилна макроекономска политика и имаме притисок за зголемување на ДДВ, но тоа нема да се случи-останува 18 отсто, иако имаме притисок за зголемување на старосната граница за одење во пензија, ние донесовме закон да бидат ангажирани пензионерите и да си платат даноци и придонеси. Нема да има зголемување на даноците, освен оној данок што мора да го зголемиме, тоа данокот на профит од 15 отсто кај одредени компании кои ги исполнуваат условите кои ги има наметнато ОЕЦД. Кај нас такви се три типа компании-странски кои работат во економските зони, странски инвеститори кои не работат во зоните и домашни компании коишто се во сопственост на мултинационални компании кои работат во Македонија, посочи Мицкоски.

Целата вест на пресс24.мк

Притвор за сопственичките на домови за стари лица во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени за кривични дела – продолжена Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 и Малтретирање во вршење на службата од член 143 од Кривичниот законик.

Со дејствијата што ги координираше јавниот обвинител во изминатите два дена, обезбедени се докази со кои се потврдува основано сомнение дека двете осомничени, во својство на сопственички и овластени лица на две приватни установи за социјална заштита на стари лица во Скопје, постапувале спротивно на Законот за социјална заштита и со намера да прибават за себе имотна корист потешко ги повредиле правата на згрижените лица. Двете приватни установи, во периодот од 2022 година до денес, не ја вршеле дејноста во рамки на издадените дозволи, односно сместувале корисници над дозволениот капацитет, неуредно ја воделе пропишаната евиденција за корисници на социјална услуга, не поседувале досие со стручна документација за сите корисници, не воделе евиденции за одржување на личната хигиена на корисниците, немале вработено соодветен број стручни кадри во смена, а имале  вработено лица без соодветна документација за вработување и немале обезбедено четири дневни оброци со соодветна спецификација за дистрибуираните оброци, како што налагале правилата за нивно работење и условите од решенијата издадени од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Сите недоследности и неправилности се констатирани во записник од извршениот вонреден инспекциски надзор, а за услугата која не исполнувала стандарди и законски услови, од корисниците и нивните блиски наплаќале значителен паричен износ. Месечно од двата објекти остварувале имотна корист во вкупен износ од 2.232.000 денари.

При извршените претреси во двете установи, од кои едната на улицата “Рудо” во Бутел, а другата на улица “Козара” во Центар, утврдено е дека двете осомничени, како лица што постапуваат во службено својство, вршеле физичко и психичко насилство со цел да им нанесат физичка и душевна болка, односно страдање на корисниците и ги изложувале на сурово, нечовечко и понижувачко однесување. Првообвинетата во домот во Бутел сместила 27 корисници – стари лица, иако имала дозвола само за 21 лице, а заедно со второобвинетата во установата во Центар сместиле 33 корисници – стари лица, иако имале дозвола само за 17 лица. За грижа и нега на лицата немале обезбедено соодветен број редовно вработени стручни кадри.

Спротивно на сите правила, во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немале обезбедено кревети за сите корисници, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. На сите корисници во двете установи им биле служени оброци со производи со изминат рок, за што се земени и мостри од храна, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храна. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории, а на еден дел им била давана терапија со лекови кои не биле препишани од лекар. По наредба на јавен обвинител, на сите згрижени лица им е извршен лекарски преглед и анализи од страна на стручни лица од Институтот за судска медицина. Установите се затворени, а со координација на надлежните државни органи за корисниците е обезбедено соодветно сместување.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двете осомничени за нехуман, суров, деградирачки, нечовечки и понижувачки третман на стари лица за кои нивните семејства плаќале услуга за вонсемејно домување. Предлогот е прифатен и на осомничените им е определена притворската мерка.

Популарно