Санкционирано лицето кое со службено возило кое лудуваше по скопските улици!

Полициски службеници од СВР Скопје денеска извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии.

Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

11 Октомври – Ден на народното востание

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ.

На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна полицискиот участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.

Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Минувајќи го патот на својот повеќедецениски развој и растеж како дел од СФРЈ, а потоа и како самостојна држава, пребродувајќи го конфликтот во 2001 година, Северна Македонија денес е полноправна членка на Обединетите нации, членка на НАТО и очекува одржување на првата меѓувладина конференција која означува старт на преговорите за членство со Европската Унија.

Денешниот ден, согласно Законот за празници, е прогласен за неработен ден во земјава.

Ексклузивна HR работилница со експерти од Coca-Cola, Amazon и Mercedes-Benz.io

KARIERA.mk ве поканува на полудневна работилница посветена на најважните теми во човечките ресурси – привлекување таленти, лидерство и задржување на вработените. Настанот е наменет за HR професионалци, менаџери и лидери кои сакаат да ја подигнат својата стратегија за таленти на глобално ниво.

📅 5.11.2025
📍 Hotel Panoramika

Првиот дел ќе го води Gonçalo Sequeira, LinkedIn Top Voice и CEO на Hiire, со искуство како Head of Recruitment во Mercedes-Benz.io. Gonçalo ќе сподели како LinkedIn може да стане вистински бизнис мотор за градење бренд, привлекување таленти и професионален раст, со практични совети за позиционирање, креирање содржина и градење авторитет.

Во вториот дел, Yardena Krongold, лидер со повеќе од две децении искуство во компании како Coca-Cola, Amazon, Avon, Bayer и Novartis, ќе зборува за стратегии за задржување на таленти и градење мотивирани, одржливи тимови. Со програми креирани со Harvard Business School и признани од Forbes, Yardena комбинира психологија и практични алатки за создавање култура на ангажман и доверба.

Задржувањето на таленти, ефективно лидерство, менаџирање со тимот, како и следење на најновите трендови за видливост и пронаоѓање на колеги совршени за вашата компанијска култура е само дел од она што можете да го очекувате.

🎟️ Резервирај го твојот билет по EARLY BIRD цена најдоцна до 22.10!

Популарно