ФОТО - РЕПОРТАЖА: Со Спачек во Мала Преспа, Албанија

Мала Праспа е географска област во Албанија на југозападниот брег на Преспанското езеро во која има 10 села, во кои живее македонско население

12974_10151766629084695_101602677_n

Најголемо е селото Пустец, каде и се наоѓа седиштето на општината. Во Мала Прспа градоначалникот е македонец

14466_10151766636274695_32714417_n

Во овој дел на Преспанското езеро има повеќе диви плажи, кои изгледаат како на нив никој никогаш да не стапнал

67659_10151766625784695_185198773_n

Вака изгледаат бензинските пумпи

524381_10151766638959695_134238399_n

Во Мала Преспа живеат околу 5700  жители сите се македонци и се православни

534227_10151766639624695_1038012539_n

539634_10151766634684695_1678655279_n

Езерото нуди одлична можност за рекреација. Земете си кајче или кајак и уживајте

993940_10151766626649695_322415666_n

Храната е прекрасна, нормално Македонска. Ќе уживате посебно доколку јадете риба

1098375_10151766626699695_689596758_n

Спачекот одлично се вклопи во околината, како да сте вратиле назад во времето

995151_10151766636689695_311084703_n

Крави на патот, да тоа е нормална појава во Мала Преспа. Овде како времето да застанало

1001401_10151766639629695_382133295_n

Луѓето се фини и гостопримливи, иако се гледа дека имаат тежок живот

1001428_10151766638339695_733843621_n

1003527_10151766628449695_540653443_n

1095061_10151766637839695_103159524_n

1098040_10151766629119695_286622868_n

1098195_10151766638064695_1495092455_n
Доколку имате слободно време и не знаете каде да патувате. Ви препорачуваме да се вратите назад во времето. Посетете ја Мала Преспа

Испратено од Дејан Донев

 

Како си поминавме на Brainster Job Fair?

Со задоволство учествувавме на второто издание на Brainster x Brainster Next факултет Job Fair – настан кој не само што го исполни просторот со ентузијазам, туку и со надеж за нови почетоци. 💯

Веднаш се почувствува возбудата кај посетителите: безброј млади и талентирани кандидати, полни со идеи и мотивација, кои се подготвени да направат храбар чекор напред во својата професионална приказна. 🤩

Разговаравме со нив за нивните размислувања околу пазарот на труд, за праксите и можностите кои ги гледаат за себе – а ние, како KARIERA.mk, со задоволство споделивме совети и насоки за тоа како да ја пронајдат вистинската можност и како ние можеме да им помогнеме на тој пат.

Посебно ни беше драго што на саемот се сретнавме со голем број наши соработници и реномирани компании кои, исто како и ние, беа таму со истата мисија – да отворат врати за нови таленти и да ја збогатат професионалната сцена со свежа енергија и нови перспективи. 👏

Голема благодарност до Brainster за одличната организација и за тоа што повторно создадовте платформа за поврзување, инспирација и раст. 💌

Со нетрпение ги очекуваме следните настани и новите прилики да бидеме таму каде што младите таленти го прават првиот чекор во својата кариера. 🚀

Кој на која фотелја ќе седне и зошто?

Во дискусиите за реформата на јавната администрација, кои се чини дека секогаш се актуелни, сѐ повеќе се зборува за мерит принципот (или принципот на заслуга) при именувањето на функционери, односно за професионализацијата на раководните позиции во јавната администрација (што би значело дека нив треба да ги пополнат лица со соодветни компетенции и програми). Различни субјекти и организации говорат на оваа тема од различни перспективи.

Домашните стручњаци и невладините организации бараат поголема имплементација на принципот на мерит. Странските експерти често нѐ советуваат како да ги измениме законите за да добиеме посоодветни директори, а меѓународните организации нѐ уверуваат дека тоа ќе нѐ доведе поблиску до интеграција во Европската Унија.

Опозицијата (независно кој ја сочинува) често критикува дека се именуваат некомпетентни лица на раководни функции. Власта, пак, независно кои партии ја сочинуваат во даден временски период, се чини дека не сака да ги напушти повеќедецениските практики да ги именува директорите, членовите на управните и надзорните одбори и слично исклучиво според сопствените преференции и партиската припадност, занемарувајќи ги професионалните компетенции.

Следствено, во епизодата „Кој на која фотелја и зошто?!“ зборуваме за примената на принципот на заслуги во јавната администрација во Република Северна Македонија. Кои позиции треба да се пополнуваат исклучиво според принципот на заслуги? Постојат ли позиции за кои, освен компетенции, е потребна и блискост до програмските определби и политиките на Владата? Како да се осигураме дека едно директорско место или друга функција ќе ја пополни соодветно лице? Може ли да важат истите правила за сите директори (на класичните органи на државната управа, на јавните претпријатија, на јавните установи)? Треба ли да постојат управни одбори во органите на државната управа и јавните претпријатија? Зошто претходната Влада од 2018 до крајот на мандатот го најавуваше Законот за висока раководна служба, но тој не се усвои? Потребен ли е ваков закон? Како се злоупотребува можноста за именување на в.д. директори?

На овие теми дискутираме со проф. д-р Ана Павловска-Данева од Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и уставен судија, и со Јулијана Караи која е Виш истражувач во Институтот за Европска политика – ЕПИ.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

Популарно