ХОРОСКОП: Кој е вашиот идеален партнер за работа, дружење или љубов?

depositphotos_1946972-Horoscope-icons-640x491
Овен

Љубов: Најголем љубовен предизвик ќе најдете во стрелецот. Ќе бидете маѓепсани од неговиот широк поглед на светот. Ќе ви се допадне неговото гледање во иднината, наместо навраќање на минатото.

Дружба: Најуспешна дружба ве очекува со рибите. Конечно некој ќе ги разбере вашите најдлабоки интимни дилеми.

Работа: Најдобар колега на работа ќе ви биде јарецот. Вие сте фантастични во започнувањето нови проекти, но ви треба некој кој ќе работи упорно на нив за да ги заврши.

Бик

Љубов: Најдобар партнер ќе пронајдете во девицата. Нејзината склоност за анализа и зрел пристап кон животот ќе ви делува смирувачки. Обата знака по многуте битки бараат мир.

Дружба: Кога ќе посакате квалитетна забава со добра музика, со лавот ќе ви биде совршено. Преку него можете да запознаете и идни деловни соработници.

Работа: Најдобар соработник во деловна средина ви е водолијата.

Близнаци

Љубов: Вашиот најдобар партнер е вагата која дипломатски ќе се избори со сите ваши недоумици и ќе ги презентира како лесно донесени одлуки.

Дружба: Највозбудливо ќе се забавувате со скорпии. Тие се вистинската екипа за скитање кога ќе ви дојде премногу од емотивните дилеми и густиот работен распоред.

Работа: Најдобар соработник ќе ви биде стрелецот.

Рак

Љубов: Најдобар пријател ви е јарецот. Тој е доволно стабилен и упорен за да ја стекне вашата доверба. Ќе ги цените неговите емотивни и семејни вредности.

Дружба: Најопуштени сте во друштво на бикови.

Работа: Најдобар деловен соработник ви е скорпијата.

Лав

Љубов: Најдобар партнер ви е водолијата, на која никогаш нема да ѝ биде тешко да ги ислуша вашите психички и интелектуални драми. Кому му треба секс кога можете да седите и да разговарате до раните утрински часови?

Дружба: Ваш најдобар пријател ви е овенот, кому не мора многу да му објаснувате како се чувствувате. Понекогаш шопингот, кафето и молчеливото разбирање се најдобрата поддршка што може да се добие од пријател.

Работа: На работа најдобро соработувате со вага.

Девица

Љубов: Најдобар партнер за вас е бикот кому му одговара вашата енергија на реален оптимист. И покрај честите излегувања, најинтересните работи меѓу вас ќе се случуваат далеку од љубопитните очи.

Дружба: Најдобра придружба на забавите и можност за нови познанства ќе имате со ракот.

Работа: Најдобро ќе соработувате со риби.

Вага

Љубов: Овенот ви е најдобар знак за партнер. Тој е подготвен заедно со вас да тргне во предизвикувачка мисија за совладување на сите препреки кои ви стојат на патот. Вие ќе ги ублажувате неговите остри рабови, а тој вам ќе ви ја буди страста за нови емотивни авантури.

Дружба: За забава, но и за сериозни разговори, најдобра опција ви се близнаците.

Работа: Најдобар деловен партнер ќе ви биде водолијата која ќе знае да ја цени вашата посветеност на тимот и заедно со вас ќе развива нови креативни, па дури и револуционерни идеи.

Скорпија

Љубов: Љубовта најлесно ќе ја пронајдете кај рибите кои го чувствуваат вашето расположение и желби пред да проговорите. Комбинацијата од прилагодливост и романтика интензивно ќе го смири вашиот бурен карактер.

Дружба: Најдобар пријател ви е некој во истиот знак како вашиот, бидејќи само тој може да знае како се чувствувате во секој даден момент.

Работа: Најдобро соработувате со припадниците на знакот бик.

Стрелец

Љубов: Најдобар љубовен партнер би ви бил лавот, кој знае да ги цени вашата внимателност и храброст.

Дружба: Најдобар другар за хедонистички авантури ќе пронајдете во рибите. Добро ќе се разбирате во потрагата по вистината, поминувајќи низ многу кулинарски излети и добро вино.

Работа: Најдобри соработници на професионален план ви се близнаците.

Јарец

Љубов: Најдобар партнер ќе најдете во некој кој е роден во знакот рак. Тој никогаш не престанува да покажува емоции кога има задоволна публика.

Дружба: Заеднички интереси за дружење најмногу имате со девиците. Тие се личности кои подеднакво посветено го сакаат своето хоби како и вие, а тоа за вас значи како да сте ја пронашле својата сродна душа.

Работа: Најдобро соработувате со скорпии.

Водолија

Љубов: Најубави љубовни моменти ќе имате доколку за партнер изберете стрелец. Како патници со слободен дух, тие имаат доволно страст и вам да ве одведат на возбудливо емотивно патување. Исто така, стрелецот ќе ве научи на важноста на довербата.

Дружба: Вашиот социјален живот би бил невозможен без лавот, особено оној кој никогаш не спие. Заедно ќе пројдете низ многу различни друштва и од сите ќе го искористите најдоброто.

Работа: Најдобар соработник ќе пронајдете во овенот, но само ако сте подготвени да го следите неговото темпо.

Риби

Љубов: Возбудливи денови и ноќи ве очекуваат со ракот, кој не може да престане да гледа во вашите очи. Тој се чувствува хипнотизиран кога е во ваша близина.

Дружба: Многуте забави за кои долго ќе се зборува започнуваат и завршуваат со стрелците. Сте си нашле ист како вас и нема да престанете да се забавувате додека некој од вас не падне од стол.

Работа: Секогаш можете да имате добар соработник ако го побарате во лавот.

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

На чекор од историја: Cafe De Anatolia номинирани на Beatport Awards за “Hype Label of the Year”!

Македонскиот музички бренд Cafe De Anatolia продолжува да освојува глобални признанија, а најновата потврда доаѓа од Beatport Awards 2025, каде што нивниот подбренд Cafe De Anatolia LAB е номиниран запрестижната титула „Hype Label of the Year“ (LINK: https://www.beatportal.com/articles/826178-hype-label-of-the-year-2025

Македонската електронска сцена на светската мапа

Оваа номинација е историски момент за македонскатаелектронска музика, бидејќи досега ниту еден македонски издавач или артист не бил номиниран на глобално ниво за ваква престижна награда. Со овој успех, Cafe De Anatoliaу ште еднаш докажува дека македонските уметници имаат што да понудат на светската музичка сцена.

Што значи номинацијата за Beatport Awards?

Beatport, како една од највлијателните дигитални платформи за електронска музика, преку своите годишни награди ги препознава најиновативните и највлијателни издавачки куќи. Категоријата „Hype Label of the Year“ е резервирана за лејбли кои покажуваат исклучителна креативност, оригиналност и глобално влијание. Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, ова признание е јасен доказ за успехот, посветеноста и визијата што ја носи Cafe De Anatolia.

“Оваа номинација за нас претставува голема чест и признание за целата работа, љубов и страст што ја вложуваме во музиката. Но пред сè, ова е признание за нашата земја – малечка по големина, но голема по душа. Горди сме што нашата визија и музика допрела до толку многу луѓе низ целиот свет. Оваа номинација не е само наша, туку и на сите млади уметници од овој регион кои сонуваат големи соништа.“ - велат од Cafe De Anatolia.

Глобален успех и соработка со луксузни брендови

Препознаени од Forbes, Entrepreneur и други светски реномирани медиуми, Cafe De Anatolia е основоположник на жанрот Organic House, поставувајќи нови стандарди во електронската музика.

Издавачката куќа не само што создава музика што го освојува светот, туку и соработува со некои од најпрестижните брендови, како што се Giorgio Armani и Four Seasons Hotels, докажувајќи дека нивниот звук е повеќе од тренд – тоа е начин на живот.

Наследство на креативност и страст

Зад оваа успешна приказна стои долгогодишна работа, иновативен пристап и страст за музика. Cafe De Anatolia, кој го обликува електронскиот звук со уникатна фузија на органски звуци, ориентални мелодии и модерни електронски ритмови, со години гради своја препознатливост.

Издавачката куќа, која денес е светски бренд, беше основана од Зоран Илиев (Billy Esteban), Моника Илиева, Никола Илиев (Nickarth/Rialians On Earth), кои заедно со своите уметници создаваат нешто безвременско.

Големо признание за македонската електронска сцена

Номинацијата за Beatport Awards 2025 не е само успех за Cafe De Anatolia, туку и големо признание за Македонија како дел од светската електронска музичка сцена. Овој успех е резултат на долгогодишната посветеност на тимот и артистите, кои со својот автентичен звук освојуваат слушатели од целиот свет.

Доделувањето на наградите ќе се одржи наскоро, а македонската електронска заедница со нетрпение го очекува исходот. Без разлика на резултатите, фамилијата Илиеви веќе го остави својот печат во музичката историја.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Популарно