Вчера побегнал затвореник од новиот затвор во Куманово!!!

Еден затвореник успеал да избега вчера вечер од новиот кумановски затвор, иако тој има најсовремен систем за надзор.

zatvor kumanovo

Станува збор за затвореникот со иницијали И.С. кој побегнал од кругот на затворот кој се наоѓа во атарот на село К’шање.

zatvor kumanovo1

Затворот е отворен минатата година во септември и во него беа поставени современи системи за надзор.

За бегството е известена и кумановската полиција, која започнала потрага по бегалецот.

Уапсени двајца млади скопјани во Центар, полицијата ги фати со кокаин

Две млади лица фатени со кокаин во центарот на Скопје.

- На 09.01.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода З.Т.(23) и Ф.Т.(26), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајден и одземен кокаин. Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на 10.01.2025 против лицата е поднесена кривична пријава по чл.215 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка на Ф.Т. му е одредена мерка притвор, а на З.Т. изречени му се мерки на претпазливост, соопштија од полицијата.

Во Скопје уапсен Турчин кој избегал од затвор, треба да „отлежи“ 23 години

Вчера околу 18.30 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек потраги, по претходно преземени оперативни мерки, на ул.„Бапчор“ во Скопје лишен од слобода е А.С. (44) од Анкара, Турција. кој бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради бегство од затвор во Турција, соопштија од полицијата.

А.С. е осуден на казна затвор во траење од 23 години, еден месец и 15 дена за сторени кривични дела измама и навлегување во компјутерски систем, а за доиздржување има 18 години, девет месеци и 13 денови.

А.С. е предаден на надлежниот суд, за понатамошна постапка околу екстрадицијата во Турција. 

За Василица се крши погача со златник, велат од Бигорскиот манастир

Некои семејства лепчето со паричката го поделија за Бадник, други се подготвуваат тоа да го сторат за Василица која се слави следната недела. Секој крај си има свој обичај. 

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра.

Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма. Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај. 

Зошто на празникот на Св. Василиј се става златник или паричка, а не на Бадник? Одговор и детално појаснување за верниците за ова прашање пред неколку години дадоа надлежните од Бигорскиот манастир. 

- Свети Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на Свети Василиј, 1. јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија, појаснуваат оттаму. 

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица. 

Популарно