Еден затвореник успеал да избега вчера вечер од новиот кумановски затвор, иако тој има најсовремен систем за надзор.
Станува збор за затвореникот со иницијали И.С. кој побегнал од кругот на затворот кој се наоѓа во атарот на село К’шање.
Затворот е отворен минатата година во септември и во него беа поставени современи системи за надзор.
За бегството е известена и кумановската полиција, која започнала потрага по бегалецот.