Четворица тинејџери повредени откако со автомобил излетале од улица во Македонска Каменица

Во Полициско одделение Македонска Каменицавчера околу 21:30 часот било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Церска“ со ул.„Тапеѓовска“ во Македонска Каменица, патничко возило „опел астра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(19) од Крива Паланка, излетало од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Македонска Каменица и Д.Ц.(18) од Крива Паланка, а со телесни повреди се здобиле уште еден малолетен сопатник и М.Д.(19), двајцата од Крива Паланка, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

Скопјанец претепан поради недоразбирање за паркинг место

На 26.04.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Д.Ш.(44) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од С.С.(48) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Утре започнува пролетниот распуст за учениците

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст.

Пролетниот распуст е воведен првпат во оваа учебна година, па затоа има промена и во календарот за настава.

Па така, учебната 2023/2024 година за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, односно на 7 мај, вторник, во училиштата каде што ќе се организира гласањето, ќе имаат скратени часови и работно време до 11 часот.

Неработните денови поради изборите ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Учениците во Скопје треба да надоместат и за пропуштената наставата на 30 ноември лани кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, Министерството за образование и наука ги задолжи директорите на училиштата.

Популарно