„Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC) и оваа година по петти пат ќе се вклучи во одбележување 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на детето. Како и претходните три години DMWC, заедно со амбасадите во Македонија, бизнис заедницата, невладиниот сектор, меѓународните училишта, деца и лица со посебни потреби, ќе го oрганизира DMWC Добротворниот меѓународен базар. Почесен претседател на Базарот 2015 е Н.Е. г-дин Ернесто Массимо Беллелли, Амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија, а главен покровител е град Скопје. Собраните средства од Базарот ќе бидат наменети за Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, поточно за реновирање на дневниот центар во Капиштец.
Главниот настан, самиот Добротворен базар ќе се случи на 6ти јуни, сабота,во ГТЦ (приземје) Скопје со почеток во 11:00 часот и ќе се одвива по следнава програма:
* Свечено отворање со обраќање на:
Г-ѓа Емилија Миладинова Аврамчева – претседател на DMWC
Г-дин Коце Трајановски – градоначалник на Град Скопје
Н.Е. г-дин Ернесто Массимо Беллелли, Амбасадор на Р.Италија во Р. Македонија
и почесен претседател на Базарот:
* Амбасадите ќе продаваат и промовираат производи од нивните држави
* Изведби на уметнички точки од деца од повеќе меѓународни и домашни училишта: NOVA, QSI, American School, Piano FORTE , КУД Цветан Димов, Центар “Порака“.
* Уметничка работилница „Дрво на среќата“ со академската сликарка Жанета Гелевска Велјаноска и Решат Ахмети
*Лотарија
*Доделување на сертификати на уцесниците во Базарот
* Средствата од DMWC Добротворниот меѓународниот базар 2014 беа наменети за децата од посебното основното училиште „Златен Сремец“,Скопje.
* Средствата од DMWC Добротворниот меѓународниот базар 2013 беа наменети за децата со Даунов синдром во Центарот за Даунов Синдром - Скопје
* Средствата од DMWC Добротворниот меѓународниот базар 2012 беа наменети за поддршка на децата со посебни потреби во посебното основно училиште “Илинден“Скопје.
За Меѓународниот ден за заштита на правата на децата:
Одлука за прогласување на овој ден за посебен ден на децата е донесена од страна на УНИЦЕФ во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, Швајцарија и претставува нов почеток во подобрување на можностите за најмладите.