Фергусон: Кога ќе се ракувате со ѓаволот, мора да ја платите цената за тоа!

Легендарниот Шкот, кој 26 години стоеше на чело на еден од најголемите клубови во светот, Манчестер Јунајтед, ќе остане запаметен во историјата на светскиот фудбал како голем и успешен тренер, кој што притоа оставал во минатото многу легендарни изјави, кои и понатаму ќе се вртат по најголемите светски медиуми.

Една изјава на Фергусон од пред 4-5 години, исклучително ги фасцинира навивачите на Манчестер Јунајтед, поради нејзината специфичност кога при едно интевју за BBC во 2011 година, Алекс Фергусон зборувајки за тв правата на клубовите и телевизиите, даде една доста интересна изјава.

„Кога ќе се ракувате со „ѓаволот“, вие мора да ја платите цената за тоа“, алудирајки на Манчестер Јунајтед кој што постојано е еден од клубовите кои најмногу заработува од тв правата кои ги продаваат на повеќе телевизии ширум светот.

Но и покрај тоа што најголемите клубови дебело си ја наплаќаат продажбата на тв правата, Фергусон во минатото сметаше дека клубовите сепак не ја добиваат вистинската сума на пари од најголемите и најпознати светски медиуми.

„Кога ќе размислиме за тоа, сметам дека клубовите не добиваат доволна сума на пари од тв правата кои ги продаваат во текот на една сезона“, беа зборовите на Фергусон во минатото.

Манчестер Јунајтед како клуб, во сезоната кога не играше ЛШ, по заминувањето на Алекс Фергусон од кормилото, имаа мал пад на сезонските приходи, но тоа не се одрази премногу на нивните финансии, па веднаш потоа следното лето потрошија скоро 190 милиони евра, што докажаа дека Јунајтед е гладијатор кога се во прашање финансиите кои ги стекнуваат од армијата навивачи кои ги имаат ширум светот.

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

ФК Вардар: Историјата ќе памети кој не избрка од Градски

Oд редовите на Вардар денеска преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека клубот до крајот на сезоната своите натпревари ќе ги игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

Соопштението кое е објавено на социјалните мрежи на клубот ви го пренесуваме во целост.

„Поради потценувачкиот однос на ПУИГ кон Вардар, нашиот клуб до крајот на оваа сезона нема да настапи на Градскиот стадион во Скопје. И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.

Ние ниту го создадовме, ниту го продлабочивме долгот на Вардар, а згора на тоа континуирано се трудиме истиот да го намалиме. Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!

Вашите имиња ќе стојат засекогаш на столбот на срамот, во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно.

За крај, би сакале да Ви порачаме дека Вардар вам ништо не ви должи. Од денес вие сте тие кои должите. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини!

Вардарци, наши верни навивачи, утре го играме најважниот натпревар. На нашите фудбалери им е потребна поддршка повеќе од било кога. Затоа, масовното присуство на стадионот ,,Борис Трајковски” е неопходно за победа!“,објави Вардар.

Популарно