Во скопската населба Аеродром ќе се гради нов трговски центар и резиденцијален дел. На површина од 33.500 квадратни метри и 450 паркинг места на булеварот Јане Сандански, наспроти трговскиот центар Бисер ќе никне нов трговски центар Кепитол. Инвеститори се компаниите Цити плаца, Пера констракшн и Стон бриџ.
На приземјето ќе бидат сместени Супер Маркетот Рамстор, банкарски простории, оптика, аптека, накит икозметика, фото студио, кафе продавници, телекомуникациски услуги, инфо центар и друго. На првиот кат ќе има понуди од меѓународни текстилни брендови.
На вториот кат ќе бидат детските продавници,продавници за играчки, фитнес центар, и продавници за спортска облека. На третиот кат ќе има забава, рекреација, ресторани за брза храна и секако широк и опуштен поглед на Скопје.