Триесет и едногодишната Борислава Васкова од Штип е среќничката која годинава го извади светиот крст од водите на Брегалница, но од раце ѝ го украдоа.
За да ѝ се врати крстот на Васкова реагираше и свештеникот кој чиноначалствуваше со чинот, како и верниците кои присуствуваа на осветувањето на водите на Брегалница. По неколку часа, со полициска интервенција, крстот повторно се врати во рацете на Васкова, објави Алфа.
Годинава традиционално се осветија и водите во градскиот базен, каде крстот го фати 30-годишниот Методи Пеливанов.
Од Брегалничката Епархија, Васкова и Пеливанов, на подарок добија икона и библија, а од Општината таблети. Двата крста со кои се осветија водите во Штип, од денеска треба да влезат во домовите на сите верници.
фото: Алфа тв