Годишен хороскоп за 2013 - Стрелец

   СТРЕЛЕЦ

Интонација на случувањата во оваа година ќе бие доста интересна за вас. На пежоративен, секојдневен план, годинава може да се третира како редица настани и случувања кои ќе овозможат или да засјаиите или да потемните, значи или да имате задоволство од некакви напори, или пак да биде спротивното. Но од друга страна, како год да ви се случувањата, се ќе биде во функција на ваше подобрување, и секако задоволства но на еден повисок план, иако и секојдневниот материјалниот нема да биде заобиколен. Ве очекуваат многу соочувања со соптвените заблуди дека не е се во задоволствата и лесниот живот. Оваа година е година на давање на чувства на другите па оттаму и многу врски ќе бидат воспоставени годинава, со тенденција да бидат секогаш оние кои имаат други мотиви освен оние на срцето. Година на креативност, можности за принови и зголемување на семејството.

Јануари

Насочени сте месецов кон задоволства, ќефови, забава и со таквата енергија може да остварите совршена комуникација со децата, посебно што е во прашање и зимскиот распуст. Ако не ви е интегрирана добро енергијата во хороскопот, за жал може да се однесуват доста смешно како едно големо неиживеано дете

Февруари

Исклучителна насоченост кон семесјтвото домот и домашните но искажување на многу погрешен и неразбирлив начин. Може да манифестирате непотребни стравови и грижи за безбедноста на семсјтвото или некој негов член па оттаму нервоза, раздразливост без некаква реална причина.

Март

Почеток на природната година, почеток на креативноста на природата но и вашата. Значи во сите креативности и така ориентирани активности може да сте исклучително успешни. Ви годат пофалбите и одбрувањата. Внимавајте да не се премногу. Тоа е знак дека во нешто сте згрешиле. Непријатни ненадејности и изненадувања околу 22-ри.

Април

Силна интелектуалност и рецептивност, посебна дарба за пренесување на знаења, можеби и прданија, изразување на креативен и уметнички начин посебно ако се уметнпости во рашање. За се што работите ви треба чувство, сакање и уживање. И во наједноставните работи и активности ќе сакате да бидете креативни и посебни.

Мај

Или ќе бидете во најубавите со партнерот, или ќе бидете на граница на развод ако не и преку неа доколку односите до овој период ви биле незадоволителни. Овој месец е исклучителен по тоа што нема да има компромиси, и ќе морате да знаете на што сте. Многу нови врски но и разводи за жал.

Јуни

Имате природенсенз да не режам интуиција да процените од која страна и на каков начин ќе имате пари, од кај најлесно ќе дотечат и би било штета месецов да не се слушате себеси. Успеси за сите оние кои и работат со пари, инвестиции, прават трансакции. Почекајте само до 11-ти во месецов остатокот од него е ваш.

Јули

Овој месец ви е месец на патувања и не знам само која сила може да ве задржи да не му ја летнете богами и во подалечни краишта и дестинации ако можете, па дури и да не можете.сакате одмор со кампување, спортски актицвбости и динамика. Одлични ви се аспектите  до 27 во месецот.

Август

По некаков основ повеќе или помалку ќе бидете во центарот на некаквото случување, или на деловен план или на планот на постаро лице кое едносатвнмо речено со сбрза интервенција можете да го спасите на некој начин, или да му олесните некакво страдање. Впо секој сличај месец за истакнување.

Септември

Може да бидете во улога на домаќин за јавен план, ако тоа работата од вас го бара, значи да угостите и да згтрижите деловни гости, елегации и слично или пак да сте постојано во контакт и односи со пријател, или повеќе нив на кои им треба разна помош од интелектуално психолошка па и qубовна во смисла на разрешување на некакви нивни qубовни проблеми. Не правете ништо до 09-ти.

Октомври

Може да имате некакави големи афинитети кон игрите на среќа

Но освен големи трошоци понекогаш и катастрофално енормно, среќата нема да биде на ваша страна. Можете да доживеете некакво разочарување или тага поради дете или деца. Деветнаесети доста индикативен на овој план.

Ноември

Може да имате доста големи и изненадувачки трошоци поради некави ваши креативности и такви активности или  децата, некакви нивни потреби или состојби. На почетокот на месецот аспект кој е доста лош и до десети би требало да се биде мирен, спокоен и да не се прави ништо на сила или на ура.

Декември

Е а овој емсец е сосем пак спротивен од претходниот и во овој месец треба да се размавнете по прашање на парите и нивното заработување. Употребете ја својата имагинација и креативност, пари нема да недостасува. Но само до 26 во месецот ви се наклонети аспектите.

Годишен хороскоп за: ОВЕНБИКБЛИЗНАЦИРАКЛАВДЕВИЦА

КОГА ЈОРДАН МИТЕВ ПЕЕ, НАШИТЕ ВО КАНАДА УЖИВААТ... Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе...

- Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост...знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

- Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував...среќен човек сум јас – додава Митев

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот...

ЈОРДАН МИТЕВ ИСПИША 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКА ИСТОРИЈА СО ПЕСНА ЗА СВОЈОТ СИН

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

- 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја

 Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...

- За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.

На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев

       Неговата нова песна Сине, сине мој можете да ја слушнете на следниот линк на YouTube:

 и да наздравите за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

Популарно