СКОРПИЈА
Во случај на вашиот знак, годината која е пред вас секогаш ќе ве постави во ситуација да си ги проверите чувствата и односот кон вредностите, кон работата, кон давањето кон другите, можеби подршка можеби подршка, можеби услуга. Емотивниот набој најчесто ќе се манифестира низ здравствената состојба ваша или на некој од вашето опкружување, па и во таа смисла ќе ви се манифестира претходно кажаното, дали и колку сте подготвени за некакви услуги, грижи и негувања, со други зборови некои базични емоции ќе ви бидат ставени на проба и тестирање. И ваште тертипи и навики ќе бидфат ставени на проба или тест, па ќе можете да согледате, секако ако сте и малку објективни, кои се благопријатни а кој ве ограничуваат кој ве сопнуваат во некакви дејности, активности, односи.
Јануари
Најголеми активности по дома, во домашен амбиент и токму во првиот месец од годината ќе запожнувате нешто новио или пак поизгледно ќе завршувате. Можеби и некој болен во домот околу четврти
Февруари
Одличен период за приватници и приватни инвестиции, а можеби ќе влезете во некаков бизнис со своите деца, или пак ќе им го отстапите својот да продожат тие со него. Првата третина од месецот со проблматИчни аспекти на овој план
Март
Зависи од личните хороскопи овој месец или сте турбо во работата или сте голем неработник. Големи изненадувања или ненадејност на деловфен секојдневен план, посебно ако не сте расположени за некакви активности. Проблематичнио здравје, многу напнат нервен систем. Крајот на месецот посебно тензичен
Април
Морате да имате аплаузи од пошироката јавност или околина за тоа што го работите, или као да не сте работеле. Ова е добро за оние кои се занимаваат со сценски уметности ама за останатите е прашање на есенцијална суета и самобендисаност. Можни разделби ако односите не се добри.
Мај
Можностите за додворување на места каде го остварувате својот труд или бизнис се поовеќе се исклучително изгледни, а сексуалните пориви доста силни. Според тоа и компромитирањата, ако сте во релевантен однос, и тоа во период околу 20-ти исклужително силни.
Јуни
Можеби ќе имате силни пориви за промени, а најчесто тоа ќе го правите со некои врц-дрц активности, шетања, куси патувања, понекои со доста темелни промени во својот живот поради променети сфаќања и восприемање ан стварноста. Многу можности за куси патувања.
Јули
Сите мислат на одмор и се подготвуваат за тоа вие мислите на работа и на кариера. Нема да остане незабележано, но предизвикувате сомнеж кај претпоставениот а и страв да бне му го лапнете местото. Оттаму се и најголемите кајли, посебно при крајот на месецот. Инаку аспекти ви овозможуваат успешност во се
Август
Лоши исклучиелно лоши односи на релација блиски и подалечни роднини, вие или на своја страна или сите испокарани едни со други, прибирајте документација која е валидна посебно за недвижности, ако е тоа спорот а најчесто е. Подлости на пријатели
Септември
Се нагбувате себеси повеќе од што е потребно и што можете да понесете, па секогаш во такви случаи ве стасува “опомена” во вид на кусотрајна болест. Месецов може да имате проблеми со здравјето, но мислите и на причината заради која го имате. До 09-ти проблематИчни аспекти.
Октомври
Сакате да работите но и сакате тоа што гоработитре да ви прави задоволство. Малкумина ја имаат таа среќа па месецов можеби ќе се дадете во потрага токму по таква работа или вработување. Аспекти поволни од 19-ти натаму
Ноември
Што работите и колку заработувате можеби ќе биде главна преокупација во вашите мисли и дела во овој период, но и можна промена на некакви лични убедувања поради здравствените прилики или неприлики. Вие се менувате за жал само ако нешто ви се случува, а и тогаш потешко.
Декември
Некакви ангажмани околу брат сестра, решавање на некаков нивен проблем, или заедничка работа бизнис. Во прашање е трансформација на некакви многу блски односи кои не биле такви, но поради некакво случување со некого од семјството се менуваат, на подобро или полошо зависи од вашите индивидуални хороскопи. Лоша завршница на годината.
Годишен хороскоп за: ОВЕН, БИК, БЛИЗНАЦИ, РАК, ЛАВ, ДЕВИЦА