Порталот „Охрид скај“ јавува за скандал при погреб во Охрид. Имено виден граѓанин на Охрид, кој долги години живееше во Београд Р.Србија ,неговаа последна желба пред смрта му била да биден погребан во неговиот Охрид , со рецитал на поемата Т‘га за југ. Неговото семејство ја испочитувала неговата последна желба, па така со најлуксузно погребално возило ,покојникот е донесен од Беогард до градските Гробишта во Охрид. Но, од тој момент настанува вистински ХОРОР кој ниту Хичкок не можел да го замисли.
Имано, за ископување на гробот и погребалните активности било задолжено погребалното претприатие „ДВЕ СОЛЗИ“ од Охрид. Но, вработените не си ја завршиле работата, односно не ископале доволно длабок гроб, па кога пристигнал ковчегот со покојниот, не го собирало во дупката. Наместо да се обидат да ја продлабочат, ти решиле со секира да го искршат долниот дел од ковчегот!!!
Присутните на погребот, а и самото семејство се згрозиле од ваквиот чин на скрнавење на покојникот, посебно биле згорзени од самиот чин на кршење на мртовечкиот сандак од страна на вработените во погребалното претпријатие „ДВЕ СОЛЗИ“.
Во Македонија постојат Закон за погребални услуги , надлеѓното министерство , во конкретниот случај Министертвото за Транспорт и врски има обврска да го провери целиот настан ,доколку с‘е ова е вистина , тогаш по сила на Закон треба да му ја одземе Лиценцата за работа на погребалното претпријатие „ДВЕ СОЛЗИ“ од Охрид.