Интервју со сестрата на Игор, Тања Џамбазова: Срце гладно нови предизвици

Тања Џамбазова - Интересна жена со комплексен опис на многуте професии што ги владее, повеќе од 20 години не живее во Македонија

4D20BA2D8A279E46AE1A0E386BFEA6F5
Валентина Тодоровска

Допишувањето со Тања започна неодамна, додека најмалата од семејството Џамбазови беше во Индија (држеше предавања на светската конференција „Things that matter“ врзани за технолошки иновации), за вчера по и-мејл да испрати поздрав од Малдиви. Сите што ја познаат Тања знаат дека се работи за интересна жена, со опсежен статус на професија и дека кревката градба е само „камуфлажа“. Едните велат дека е уметница, граѓанин на светот, другите дека се грижи за планетата Земја, ама и за луѓето, животните и идеите. Всушност темата е комплексна и голема, но тоа секогаш било така во фамилијата на Џамбазови.

Кина, Африка, ама и Америка, Европа... Во што ја наоѓаш и препознаваш егзотиката во земјите каде што патуваш и живееш?

- Сакам да видам како луѓето од различни култури го поминуваат ова малку време што го имаме на Земјата, што им е важно, каде наоѓаат мир и што им носи пеперутки во стомакот. Бегам од градови зашто сите се исти. Невидливите градови на Калвино. Одам во мали места, во села, а во ретки моменти пијам ракија од шише со автомеханичар во Куба. Или појадувам со фармер во Исланд. Сум шетала со човек кој убива болни или повредени коњи во Јужна Африка. Да, имав драгоцен разговор со теа мастер во Тибет, споредував животни филозофии со пријатели од Зимбабве... Патувам секаде каде што можат да се најдат луѓе со големо „Л“.

96F7DB28130CEF47B28F31FE891F76EA
Поминаа повеќе од 20 години откако го напушти Скопје, веднаш откако заврши архитектура. Кога ќе се сетиш на минатото, својот град, што ти доаѓа првин на ум? Што, можеби, сонуваш?

- Игор. Игор. Игор. Тато. Мојот најдраг тато од кого научив дека во животот можеби треба малку и на себе да се мисли. Борче. Мама. Биби, мојата втора половина, чувачот на сите мои тајни. Мојот столб Тања Нацевска. Јуриј Гагарин. Фидан Бојлија мачорот. Кучето скитник Линда кое по една година дневно дружење, шинтерот го уби пред мои очи. Високата пунџа и беспрекорната кошула на учителката Љупка. Училишна торба поголема од мене. Диско „Мусандра“. Гастон, ах Гастон. Тања Ефремова и „вранглерки“. Креативноста на тетка Милена. Игор. Снимањето на „Волшебното самарче“. Алумина и пластика. Зелничето на баба. Пакување половина куќа за регуларниот тримесечен годишен одмор во Градиште. Рибарење во 5 наутро. „Охридско лето“. Фризерската соба во театар. „Бриџ“ со дедо. Скијање со чичко Мирче. Белата капа и жолто-бел-црн костим за капење на тетка Кача. Таа и мама - кафенце, цигари и многу смеење (со тато и чичко Мирче како главен извор за инспирација). Јана и Уна. Игор. Театарски претстави. Многу убави театарски претстави. Нова година кај Палчо, првата средба со вермут: 7 лустери, 6 лустери, 5 лустери, 4 лустери… Мирисот на театарската сцена. Чичко Душко. Лариса. Ручеци кај баба и дедо. Лиле на Диме. „Леб и сол“. Лидија Георгиевска. Горазд Поповски. Игор Баци и Зако. Маврово. Архитектонски факултет и Живко Поповски. Игор. Пеење серенади под балконот на војничката зграда кај Зоолошка. Група „Раскољников“. Милиот Сергеј. Ајвар! Млечник и кох од мама. Горан Адамовиќ. Штокче. „Буре барут“ и Дејан.

Не знам дали како трајна дестинација може да се наведе твојот моментален дом во Сан Франциско....? Како и да е, што работиш конкретно и што дојде на местото на архитектурата?

- Цел живот барам нешто трајно, само се' уште не сум нашла што било такво. Единствено трајно е дека се' е променливо. Сан Франциско е една од многуте непланирани станици на моето патешествие без почеток, ни крај. На архитектурата и' ставив крај во Лондон во 2000 година. Немав стомак за тоа, ниту доволно талент. Има толку многу талентирани архитекти на светов, па и еден просечен е премногу. А јас не сум добра во која било просечна улога... Да објаснам што работам денес не е лесно. Измислувам и се реинвентирам секој ден. Во последните 13 години работам во компанија која прави дизајн софтвер. Измислив работна позиција која дозволува да го користам најдоброто во мене: театар, креативност, познавање луѓе, технологија, кршење мраз со нови идеи. И си измислив титула: јас сум Tecxnologos whisperer. Звучи апсурдно, ама е многу точно: правам и учам висока, нова технологија на разбирлив начин . По секоја презентација, луѓето ми бараат автограм и ме молат да се сликаат со мене... Лани, пак, започнав да работам со најпознатите светски музеи како што е Smithsonian, реконструирам египетски мумии во музеј во Шведска, работам со д-р Лоуис Леакс, внуката на д-р Ричарц Леакс, потоа, со индиската влада за зачувување на Чандигар од Корбизије, наскоро имам проект со УНИЦЕФ за заштита на светски културни значајни места, во контакти сум со Ирис ван Херпен за „хај енд фешен“ и користење на 3Д-печатач и ласер кутери...

Знам дека актерскиот ген не те прескокна, а во твојот случај се работи за неминовност, ми се чини. Дедо, мајка, брат, сите етаблирани и големи...

- Зборување за глумење, театар, ме боли. Мама и тато ме направиле таква, да ме бидува за многу работи – но, тоа што мене ме движи се животните и глумата. Додека бев во Македонија, не ни помислив да станам глумица, не сакав, не можев да живеам опкружена со коментари дека добивам ролји само затоа што сум сестра на..., ќерка на..., внука на... Немаше да има шанса за објективно мерење успех, па кога си отидов, несвесно правев се' за да имам можност да бидам на сцена. Во Виена играв во Дие Фремден - аматерски театар на странци, во билингвален театар зборував германски и француски, глумев и во претставата за Михаил Булгаков, каде што ја играв неговата жена. Ме имаше и на отворена сцена во Париз. За Лондон немаше шанси - жена му на Раде Шербеџија, Ленка, веднаш ми го кажа тоа... Инаку, одев во конзерваториум, не за да научам да глумам, туку да влезам во круговите, а професорите кај кои зедов часови не разбираа зошто сум таму, а не негде на сцена. Еден професор во крајната оценка ми напиша вака: „Оваа глумица е подготвена и треба да игра!“ Ме насмеа. И многу ме натажи. Но, можеби така требало да биде во мојот живот – да имам интересен пат.

427154375537FA45B9B95CCB99357306
Ти никогаш не си го користела презимето, корените, препознатливост, како адут, напротив. Зошто?

- Не знам. Мислам дека е некоја неоснована или барем непоимлива потреба да покажам дека можам да се снајдам без помош на другите, да одам по пат кој не е однапред асфалтиран. Ме бидува за калдрма која не знам каде води. Одбрав професија за која не знаев ништо, отидов во места во кои не познавав никого. Човек е поподготвен за живот кога не планира со помош на другите и кога прави сам свои фундаменти. Така знае дали се работи за фундаменти од дрво, армиран бетон или жив песок, и знае колку тежина да стави. Таа индивидуалност и гордост ми е сигурно наследство од мама. Тие што ја знаат отпорано знаат дека никогаш го нема користено фактот дека Петре и' е татко. Никогаш ништо не му побара, ниту, пак, очекуваше. Дури ни во најтешки моменти.

Ти и Игор сте големи индивидуалци, тоа е веројатно така во сите уметнички семејства, каде што има доволно „простор за дишење“ и дејствување. Како контактирате вие двајцата? Тој повеќе се движи во локални рамки, ја обожава Македонија, ти си илјадници километри подалеку, ама со иста цел...

- За Игор слушам повеќе од интервјуа или од други луѓе отколку од него. Тој е мојата насмевка, животна инспирација, грижа и солза. Не ни е важно колку често се слушаме или гледаме. Знаеме дека сме тука еден за друг и молчаливо ги гледаме изборите што ги правиме и како ги решаваме животните костеци во кои ќе се најдеме. Се познаваме длабоко за работите кои се важни, ама сме странци за работите што се тривијални или ‘nonise’. Многу би сакала кога би знаел каде и како живеам, и кога би доаѓал да ме види. Само изгледа дека сите мои избори немаат шанса со Слепче, неговиот одбран рај...

За крај, ги остави животните. Сериозна си на „оваа тема“, голем дел од времето го поминуваш во резервати. Поради слобода, допирот со природата, грижата околу нив или поради нивната наивност, безусловна љубов?

- Поради љубов. И начинот на кој ја даваат без страв, без план, прекор, очекување. Го сакам чувството дека сум сакана и дека некому му требам... Инаку, не јадам месо една година и не сум била посреќна и пополна со енергија како сега. На оние што ме сакаат им ја препорачувам книгата „Јадење животни“ од Џонатан Сафрон Фоер. Ако можете да јадете месо потоа, ви завидувам.

Мојот брат - громобран

Игор е неуморен, прави, а не зборува. Не е доволно да ти даде господ талент, треба нешто да се направи со тоа. И зад книги, и зад музика и шоуа стои многу работа, големи истражувања, читања и мислења. Тој се качува и паѓа, но не го запира. Мозокот му врие со идеи, со мисли, но ги става во ноти, на хартија, на сцена, на телевизија. Мојот брат е генијалец во секаква смисла, а најфасцинантно и апсурдно е што е скромен и кроток. Игор никогаш не се однесувал ниту замислувам дека е нешто поважен од другите. Има приземјување на громобран. А најмногу го почитувам поради тоа што живее искрено со себе и со тоа што го прави среќен.

Филмови

Лани снимав три филма во Сан Франциско - во едниот ме направија руски емигрант во Канада. Во другиот сум учителка по пијано од Источна Европа. Во третата ролја ја играм жената на Бертол Брехт, Хелена...

Скопје

Ретко доаѓам, на пет-седум години. Македонија боли. Секое следно патување за Скопје наоѓам помалку од Скопје, од мојата Македонија, од средината која ме направи ова што сум денес. Некаде исчезнаа тие ветрови, тие сонца, води, музики. Не сакам да знам дека не е повеќе како што беше. А кога доаѓам, во тие ретки гостувања, се знае - секогаш правам една работа: од аеродром ме носат прво на бурек.

Утрински.мк

Овие хороскопски знаци ќе имаат среќа во љубовта и парите до 2027 година

Тркалото на среќата се врти, тоа сите добро го знаеме, но астролозите тврдат дека, на некои хороскопски знаци, следните две години ќе бидат проследени со исклучително среќен период.

До крајот на 2027 година сите животни околности ќе одат во нивна корист и сè ќе тече без проблеми. Еве кои среќници чекаат три години совршена среќа.

Јарец

Амбициозните Јарци се способни да остават сè на страна за ревносно да пристапат кон реализација на своите цели и да обезбедат финансиска сигурност и светла иднина. Тоа често ги доведува до прегорување, а добрата вест е што во следните три години ќе успеат да најдат баланс помеѓу професионалниот и приватниот аспект од животот.

Напредокот во кариерата ќе го има, но ќе дојде постепено и секој предизвик ќе биде само можност за понатамошен напредок без да се напрегате и трошите многу енергија.

Иако Јарците се познати по својата сериозност и фокусираност, во наредниот период ќе научат да се опуштаат и повеќе да уживаат во друштвото на своите сакани. Нивната издржливост и дисциплина ќе се рефлектираат во нивното здравје, каде што ќе ја препознаат важноста да се грижат за своето тело и ум.

Риби

Интуитивните и емотивни Риби често се ставаат на последно место поради нивната вродена емпатија, која може да ги доведе до работ. Во следните три години, Рибите ќе почувствуваат промена во начинот на кој го перципираат светот околу нив и повеќе ќе се посветат на себе, што ќе има повеќекратно влијание на сите аспекти од нивниот живот.

Нивните кариери ќе напредуваат според нивната способност да ја следат нивната интуиција. Промените ќе дојдат постепено, но ќе имаат силно влијание. Во приватните односи конечно ќе ја постигнат толку посакуваната длабока емотивна врска која ќе им донесе стабилност и душевен мир.

Грижата за себе ќе влијае на нивното физичко и ментално здравје.

Бик

Упорните и трпеливи Бикови ќе ја најдат својата среќа токму благодарение на овие квалитети, кои ќе останат константни до крајот на 2027 година.

Нивната кариера ќе напредува бавно, но сигурно со бројни можности за раст. Нема да има нагли искачувања, но резултатите од нивните напори ќе се гледаат на подолг период.

Бикот ќе ги обнови важните врски во приватниот живот и ќе чувствува подлабока поврзаност со блиските луѓе. Нивното здравје ќе биде стабилно, а посебно внимание ќе посветат на менталното здравје.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, вашата енергија ќе ве доведе до успех. Бидете иновативни во деловните решенија. Обрнете внимание на деталите, но оставете ја вашата креативност да блесне. Вашата храброст ќе привлече внимание. Доколку сте во врска, искажете ѝ ги своите желби на саканата личност. Слободни Овни, бидете храбри и пријдете на личноста која ви се допаѓа. Ве очекува меѓусебна привлечност. Физичката активност ќе ви донесе внатрешен мир. Патување во природа или вежбање дома ќе ви го освежи духот.

Бик

Бикови, денеска организирајте ги вашите задачи. Структурата ќе ви помогне ефикасно да ги извршувате вашите деловни обврски. Бидете упорни во остварувањето на вашите цели. Денеска е ден за длабоки разговори со саканата личност. Споделете ги вашите соништа и стравови. Слободни Бикови, дозволете вашата суптилност да го освои срцето на личноста која ве интригира. Оставете ги вашите очи да одморат од екранот. Поминете време надвор, прошетајте во парк или читајте книга.

ADVERTISING

Близнаци

Близнаци, бидете отворени за соработка. Новите проекти ќе ви донесат успех доколку сте тимски играч. Споделувањето на идеи ќе го збогати вашиот работен простор. Денеска е ден за романса. Изненадете ја вашата сакана личност со мали гестови на внимание. Слободни Близнаци, бидете храбри и покажете ги вашите вистински емоции. Не заборавајте за спонтаноста. Вежбајте дишење. Техниките за длабоко дишење ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Рак

Ракови, бидете тактични во преговорите. Вашите комуникациски вештини ќе ве издвојат. Обрнете внимание на деталите во деловните трансакции. Да се ​​биде отворен за туѓи идеи ќе ги подобри проектите. Посветете ѝ се на саканата личност. Поминувајте квалитетно време заедно, слушајте се еден со друг. Слободни Ракови, отворете го срцето и прифатете нечии длабоки емоции. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Разговарајте со вашите пријатели за вашите чувства и дозволете им да ве поддржат.

Лав

Лавови, бидете храбри во одлучувањето. Вашата храброст ќе ве доведе до нови можности. Организацијата ќе биде клучот за вашиот успех. Денеска е ден за страсно изразување на љубовта. Покажете ги вашите емоции без да се воздржувате. Доколку сте слободни, дозволете вашиот шарм да го освои срцето на личноста која ве заинтригира. Внимавајте на исхраната. Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук.

Девица

Девици, организирајте се. Структурата ќе ви помогне ефикасно да ги завршите сите задачи. Обрнете внимание на деталите, тие се клучот за вашата продуктивност. Вашето внимание кон саканата личност ќе биде забележливо. Покажете ги вашите емотивни чувства и изразете благодарност. Слободни Девици, бидете храбри и признајте ги чувствата пред личноста која ве интересира. Одржувајте рамнотежа помеѓу работата и одморот. Најдете време да се опуштите и да се регенерирате.

Вага

Ваги, бидете тактични во комуникацијата. Вашите дипломатски вештини ќе ви помогнат да ги решите конфликтите. Отворете го умот за нови идеи, тимската работа ќе ве доведе до успех. Денеска вашата шармантна природа ќе блесне. Бидете спонтани и изненадете ја саканата личност. Слободни Ваги, дозволете вашата суптилност да го освои срцето на личноста која ве интригира. Внимавајте на емоционалната рамнотежа. Вежбите за дишење или медитацијата ќе ви помогнат да се опуштите.

Скорпија

Скорпии, бидете отворени за соработка. Споделувањето идеи со колегите ќе ги подобри проектите. Обрнете внимание на деталите, тие ќе ви помогнат ефикасно да ги завршите задачите. Денес е ден за страсно изразување на љубовта. Покажете ѝ ги вашите емотивни чувства на саканата личност. Слободни Скоприи, нека вашата храброст го освои срцето на личноста која ви се допаѓа. Отворете се и оставете ги вашите емоции да ве водат. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Разговарајте со вашите најблиски за вашите проблеми и дозволете им да ви помогнат.

Стрелец

Стрелци, бидете тактични во преговорите. Вашите комуникациски вештини ќе ве издвојат. Обрнете внимание на вашите професионални цели, поставете ги високо и верувајте во себе. Денеска е ден за емотивни разговори со саканата личност. Бидете искрени за вашите чувства. Слободни Стрелци, оставете ја вашата позитивна енергија да привлече личност која ќе ве освои со својата длабочина. Внимавајте на сонот. Добриот сон е клучот за вашата емоционална и физичка благосостојба. Опуштете се со вашата омилена книга или музика.

Јарец

Јарци, бидете упорни во остварувањето на вашите цели. Организацијата е клучот за вашиот успех. Обрнете внимание на деталите во деловните преговори. Вашата одговорност ќе биде забележана и ценета. Денеска е ден за романтични моменти во љубовта. Покажете ѝ ги вашите чувства на саканата личност. Слободни Јарци, бидете храбри и започнете нова авантура. Внимавајте на исхраната. Физичката активност ќе ви донесе виталност и добро расположение.

Водолија

Водолии, бидете тактични во комуникацијата. Вашите дипломатски вештини ќе ви помогнат да ги решите конфликтите. Отворете го умот за нови идеи. Денеска е ден за спонтани љубовни гестови. Изненадете ја вашата сакана личност со нешто посебно. Бидете слободни, бидете храбри и изразете ги вашите емотивни чувства. Отворете го срцето и пуштете ја љубовта. Внимавајте на емоционалната рамнотежа. Вежбите за дишење или медитацијата ќе ви помогнат да се опуштите.

Риби

Риби, бидете отворени за соработка. Новите проекти ќе ви донесат успех доколку сте тимски играч. Обрнете внимание на деталите, тие се клучот за вашата продуктивност. Денеска посветете се само на саканата личност. Поминувајте време заедно, слушајте се еден со друг. Слободни Риби, отворете го срцето и оставете ги вашите емоции да ве водат. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Физичката активност ќе ви помогне да постигнете внатрешен мир.

Го дознавме името на новородениот син, а која е партнерката на Лозано?

Пејачот Влатко Лозаноски Лозано стана татко. Веста во медиумите се прошири брзо, и истата веќе е потврдена од неговиот продукциски тим.

Момчето, ќе го носи името Марко.

Сепак, она што јавноста ја голицка е што не се знае името на партнерката и избраничка на пејачот и зошто толку ја крие. Некои велат, што ја крие како змија нозете - нема да му ја земеме.

Сепак, зошто и од која причина не ја открива саканата Лозано си знае само тој. 

Лозаноски беше и Евровизиски претставник на Македонија во 2013. 

Зад себе ја има и врска со Савка која траше девет години и која заврши со раскинување на свршувачката. И тогаш Влатко беше многу затворен тип, не сакаше никогаш да открива приватни детали. 

Иако навидум изгледаа како доста стабилен пар, сигурно имале добра причина за прекин на свршувачката, бидејќи се познаваа со години, живееја заедно, зрачеа со љубов’’ – откриваа тогаш за медиумите извори блиски до пејачот.

Популарно