Колку чини опрацијата за враќање на невиноста во Македонија?

Хирушката интервенција за враќање на невиноста трае само 15 минути и е достапна во Македонија и тоа на неколку клиики, а истата чини од 500 до 700 евра.

hitportal-nevinost

Тоа е особено изразено во западниот дел од земјава, најчесто во Тетово, Гостивар, Кичево, а се разбира бројката е голема и во Скопје. Исто така, има и пациенти од соседните земји кои доаѓаат на нашите клиники да ја направат оваа „реконструкција“.

Станува збор за зашивање на хименот, односно тоа е реконструктивен хируршки зафат на хименот познат под називот хименопластика, а се изведува со цел искинатите рабови на хименот – девичникот повторно да се соединат. Доколку хименопластиката се изведе коректно и не биде проследена со компликации, макроскопски хименот е повторно интактен без видливи оштетувања и лузни.

Од една позната гинеколошко-акушерската клиника од Скопје велат дека се работи за мошне едноставна и краткотрајна интервенција.

- Овој хируршки зафат се изведува со локална анестезија. Се користат ресорптивни конци за да се реконектира хименалната мембрана и обично за тоа се потребни околу 20 минути, а потоа пациентката е слободна. Но, како и секоја хируршка интервенција, така и при оваа има ризици од потенцијални можни компликации.

- Треба да се земе предвид дека постинтервенциски се можни инфекции и попуштање на конците, за што пациентката мора да биде претходно информирана и согласна – објаснува познат скопски гинеколог.

Вакви интервенции се изведуваат и во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и оттаму велат дека најчести индикации за хименопластика се: социолошки, религиозни и лично емотивни.

- Старосната граница може да биде варијабилна и нема никаква поврзаност со тоа дали пациентката има родено или не. Доколку станува збор за малолетно лице, како и за секоја интервенција, неопходна е согласност од двајцата родители – вели д-р Мирослав Темелковски, специјалист по гинекологија и акушерство од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.

Во Македонија ова сè уште е табу-тема. Ретко може да најдете девојка што јавно ќе зборува на оваа тема. На форумите можат да се сретнат различни мислења. Едни велат дека тоа е глупост, некои се плашат да го направат тоа, додека пак има и такви што првпат слушаат дека такво нешто постои.

Во Босна и Херцеговина секоја трета интервенција е бесплатна. Во Тузла постои центар за пластична хирургија кој го води доктор Златко Берберовиќ. Тој вели дека има случаи кога девојките ја изгубиле невиноста при силување, па на тој начин сакаат да го заборават ужасот низ кои поминале. Тој додава дека некои девојки на овој начин сакале да ги изненадат своите партнер за Денот на вљубените или за прославите на годишнина од брак или врска. Во Америка пациентките се решаваат на оваа процедура на 40-50 години на барање на партнерите за да прослават годишнина од бракот или некој значаен настан.

Овој тренд е особено актуелен во Турција. Проститутка си ја вратила невиноста дури 431 пат поради тоа што шеиците, кои ѝ биле најчести клиенти, давале големи суми само за да бидат првите што ќе ѝ ја одземат невиноста, па макар и на проститука.

Храбар потег: Ја сретнал на фонтана и веднаш ја бакнал!

Минатиот петок дечко бакнал на улица млада девојка од Ријека. Ништо необично за една петочка вечер. Но, тој бакнеж оставил толку силен впечаток на девојката па таа решила да го бара дечкото по секоја цена.

– Беше кратко, но незаборавно. Дечкото е со кафеава коса, а носеше црна кожна јакна, раскажа девојката.

Како што раскажува девојката, таа и три нејзини другарки се сретнале на плоштад во Ријека, кога кај фонтаната им пришол млад дечко и ја бакнал девојката. Веќе во понеделникот изутрина таа јавно кажала дека сака момчето да и се јави, при што порталот РијечанИн ја одиграл улогата на посредник.

– Ние четири излеговме во петокот на 8ми март да прошетаме, а малку и да се напиеме. Кај фонтаната на плоштадот Коблер другарка ми на шала ме испрска со вода и јас целата бев мокра. Во тој момент дојде еден дечко, ми кажа дека сум многу убава и ме бакна. Но, набрзо си замина, а јас не стигнав ни да го прашам како се вика. Сега го барам, сакам да го запознаам бидејќи тој и неговиот потег многу ми се допаднаа – раскажа девојката за РијечанИн.

Мистериозниот заводник не чекаше долго за да се јави. Имено 19 годишното младо момче со иницијали П.Ј., кого редакцијата го нарече Петар, набрзо се јавил и кажал дека тој ја бакнал девојката.

Еве како романтичниот краток состанок изгледа од негов агол:

– Бев излезен со другарите и бевме доста весели. Знаете како оди тоа кога ќе се опуштиш за време на викендот. Здогледав една група на прекрасни девојки и пријдов на најубавата и ја бакнав. Бевме секој со своето друштво и немавме време да поразговараме подолго. Кога го видов нејзиниот повик денеска, без многу размислување одлучив да и се јавам – раскажа „Петар“.

А заклучниот коментар за РијечанИн го даде и младата девојка:

– Среќна сум зошто го пронајдовме момчето кое беше заслужно за еден прекрасен и романтичен момент. Веќе се слушнавме и во најбрзо време се надевам дека ќе излеземе на кафе и ќе се запознаеме подобро. Јасно ми е дека овој наш необичен потег, потрага по дечко, многумина го протолкуваа и како шала, но мене навистина драго што преовладуваа позитивни коментари и дека секогаш треба да бидеш упорен во нешто што сакаш да го оствариш.

Зошто љубовта секогаш доаѓа кога најмалку очекуваме?

Сите сме поминале низ тешки периоди кога ни недостасувала љубов и сме се чувствувале осамени. И после сите тие фази секогаш следи период во кој се чувствуваме дека се е можно во нашиот љубовен живот.

Дали сте забележале како одеднаш сѐ се менува и добиваме покани за излегување секогаш кога изгледа дека сме среќни со нашиот самечки живот? Зошто секогаш запознаваме некого баш во моментот кога се откажуваме од барање?

Независноста е привлечна

Независноста не значи да сакаш нешто што не можеш да го имаш. Независноста значи да ти биде удобно во своја кожа.

Очајот не е привлечен

Кога премногу се трудиме и постојано не успеваме – тоа нѐ исцрпува. Се чувствуваме одбиено и несакано. И тоа ќе се одрази на нашиот изглед. На нашето лице, на нашето тело и на говорот на нашето тело. Тешко е луѓето да го видат најдоброто во нас, кога ова е единствената страна која ја гледаат. А луѓето можат да намирисаат очај од голема далечина. Затоа, не се трудете толку многу.

Премогу размислуваме

Понекогаш, кога мислиме на нашите проблеми, можеме да ги поправиме. Но, кога станува збор за љубовта, ова може да е контра-продуктивно. Ја бараме секоја можна маана, затоа што не сакаме да си го губиме времето. И на крај ги преувеличуваме и најмалите проблеми, а тоа нѐ спречува подобро да ја запознаеме другата страна.

Кога престануваме толку силно да бараме некој друг, се запознаваме подобро себеси

Запознавањето на работите кои ги сакаме нѐ прави среќни. Ние ги следиме нашите сопствени интереси и активности, затоа што ги сакаме. И тоа нѐ прави задоволсни. И среќата која тоа ја носи со себе е заразна, го брише очајот и прави да престанете толку многу да анализирате.

Кога се фокусираме на нашите страсти, запознаваме луѓе кои ни се слични и така се зголемуваат шансите да запознаеме некого

Многу често се поврзуваме со некого токму затоа што имаме заеднички работи. Па затоа, кога правиме нешто што сакаме, ние сме на правото место за запознавање на прави луѓе. Секако дека не ги правиме тие работи за да запознаеме некого, но сепак поголеми се шансите да се случи тоа без да го бараме тоа.

Кога престануваме да се замараме толку, делуваме поопуштени и полесни за комуникација

Тоа е затоа што сме такви. И не, животот не си подигрува со нас, туку едноставно треба повеќе да се фокусираме на нашите животи и интереси. И секогаш се случува тоа кога ќе престанаме да бараме.

Популарно