Морничава исповед на еден доктор: Зошто престанав да извршувам абортуси?

Со години се занимавал со абортуси а потоа одлучил дека повеќе не сака, еве и зошто.

2fiweferigktrh

- Основно лекарско восиптување го стекнав за време на студијата на Белградскиот медицински  факултет во периодот 1951-1957. година.

Учен сум, спрема тогашното важечко докторство, дека детето е живо тек со негвиот прв плач. Од катедрата во склоп со различни отсеки на медицинскиот факултет слушав секогаш исто:

- Детето е живо тек по неговиот прв плач. Пред тоа тоа е само орган во мајката, како што на пример, е забот, слепо црево или бубрег. Да извадете заб од мајката или слепо црево е исто и што прекинување на бременоста. Со тој акт, вештачки е предизвикан абортус, вие тргате само орган од мајката. Причината зошто  тоа не е дозволено да се работи без согласност од комисија за прекинување на бременоста бидејќи опасноста од нестручните лица го доведува животот на жената во прашање. Тоа мора да се работи со опремени установии до одредена старост во бременоста, до кога е релативно безбедно. Секое касно прекинување на бременоста мора да одобри специјална комисија и мора да станува збор за голема медицинска установа.

Така нас не учеа во таа доба, а и пресудите на тогашните судови се базираа на кривичниот закон кој говореше исто - плодот е „ жив од моментот на првиот плач“. Ни читаа на нас на судскиот медицински час и некои пресуди каде се спомнуваше дека оној кој ќе забоде нож во стомак на бремена жена и го убие плодот и предизвика пораѓање со мртов плод одговара само за лесна телесна повреда бидејќи кај мајките ниедна коска не еповредена, спрема тоа е лесна телесна повреда, а плодот во повредата не се спомнува.

Оној кој не е роден не може да биде убиен. Така воспитан и учен од своите професори, тргнав да специјализирам гинекологија и акушерство и храбро да вршам утробно чедоморство- артефицијални абортуси. Прво ота го правев под будното око на постарите колеги, а потоа и самостојно. Бев убеден дека работам исправна работа и се трудев дека тоа е исто како „вадење на заб“ или утробно чедоморство што помалку болка за жена и да помине со што помали компликации. Еден ден, мислам дека бев млад специјалист, ме сретна еден познаник и бидејќи идевме во иста насока, попат се размуабетивме. На негово прашање дали работам со абортуси, гордо одговорив: Како да не! И тоа со локална анестезија, така што жената е свесна, јас со неа разговарам а таа не пиметува дека веќе и направив абортус и тоа и доага како изненадување кога ќе и кажам готово, а таа очекува тек да започнам. На тоа тој ме праша, дали знам што е живо битје? Со потсмев му одгворив, ма ајде, те молам какви глупости! Тоа е неоформена маса!.

Времето минуваше, се јавува нови научни достигнувања и се појави ултразвукот и една жена дојде со дијагноза. Тој ултразвук ми донесе многу изненадувања. Го видов плодот, работењето на срцето, неговите движења, отварање на уста.  Збележав дури и како плодот си го циица  палчето, а потоа бидејќи дијагнозата за бременоста беше поставена, но жената по нејзина желба одеше во салата за абортус - т.н киретажа, за да направи утробно чедоморство.

Раката која до пред малку се движеше после тоа беше непокретна, мртва, палчето кое плодот го цицаше - беше тука но мртво. Почнав да размислувам, па ова сепак е живо, има уста, цица палец, се движи. По ова откритие дознав дека извршувам убиства и не дека сум само џелат туку и судија која одговара и пресудува... Е поради тоа престанав да се заминавам со таа работа.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно