Што се случи со босанските тинејџерки кои побегнаа во Сирија?

Австријките со босанско потекло, 16 годишната Самра Кешиновиќ и 15-годишната Сабина Селимовиќ се лоцирани во близина на турско-сириската граница, јавуваат босанските медиуми. Тие се омажиле со радикални исламски борци кои наводно им дозволуваат на секои три месеци на кратко да се чујат со своите семејства.

untitled786yre8yueighuirhgiuorhgorthrthrthr

Малолетните Босанки, кои пред три месеци побегнаа од Виена во Сирија за да се борат на страна на исламистите, живеат во близина на границата со турција. Балканските медиуми своевремено објавија дека девојчињата на 10 април побегнале од своите домови за да им се приклучат на исламистичките борци, но нивните роднини тврдеа дека тие се киднапирани. Според последните информации, девојчињата на секои три месеци имаат право на кратко да се јават дома од припејд мобилен телефон, но притоа не смеат да откриваат каде се наоѓаат и да даваат било какви други информации. Кешиновиќ кон крајот на април и се јавија на својата сестра на мобилен телефон од турски број. Турската полиција успеала да го фати сигналот, но телефонот набрзо бил исклучен. Интерпол, во соработка со турските и австриските власти и понатаму трага по побегнатите ученички, чии семејства се уште не можат да поверуваат дека нивните ќерки станале радикални исламисти. Одредени балкански медиуми јавуваат дека босанките наводно се одличиле за џихад ал-ника, односно сексуален џихад, при кој жените им нудат сексуална утеха на исламските борци.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно