(ВИДЕО) НЕСРЕЌА ВО ЖИВО:Изгуби контрола и излета во блискиот ендек покрај патот

Беше само прашање на време кога ќе дојде до несреќа. Во еден миг од спротивната страна наидоа возила, „фиатот“ закачи едно од нив, по што возачот изгуби контрола и излета во блискиот ендек покрај патот.

bosna

На патниот правец од Сараево кон Пале деновиве се случила сообраќајна несреќа што ја предизвикал пијан возач. Тоа воедно се гледа и на снимката што се појави на социјалните мрежи, а ја направил возач кој се движел зад возилото „фиат панда“ на пијаниот учесник во сообраќајот.

Според направената снимка, малиот бел автомобил се движи лево-десно на коловозот, а честопати влегува и во спротивната коловозна лента. Беше само прашање на време кога ќе дојде до несреќа. Во еден миг од спротивната страна наидоа возила, „фиатот“ закачи едно од нив, по што возачот изгуби контрола и излета во блискиот ендек покрај патот.

Нема информации дали и со какви повреди поминал возачот, ниту, пак, која е конкретната причина за таквото однесување во сообраќајот.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно