Заев достави 67 потписи од пратеници до Иванов

Лидерот на СДСМ пред средбата со претседателот на државата, во кусата изјава рече дека очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада и им порача на граѓаните дека следува период на мирен трансфер на власта.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска му го достави на претседателот Ѓорге Иванов доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада. Заев на претсадателот Иванов во вилата „Водно“ му достави потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.

Тој пред средбата со претседателот на државата, во кусата изјава рече дека очекува Иванов да му го врачи мандатот за формирање влада и им порача на граѓаните дека следува период на мирен трансфер на власта.

- Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи на пратеници од македонското Собрание коишто гарантираат можност за нова влада за граѓаните на Македонија. Истовремено овие потписи овозможуваат да заврши кризата во Република Македонија и конечно државата да се придвижи напред во функција на враќање на животот во Македонија. Денеска очекувам господинот Иванов да го врачи мандатот во најбрзо можно време за да може да отпочнеме преговори за создавање и формирање на нова влада на граѓаните на Република Македонија. Истовремено имам прилика до сите граѓани и до институциите во државата да им порачам дека следува мирен и брз трансфер на власта во Република Македонија, рече Заев.

На средбата кај претседателот Иванов присуствуваа и потпретседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски.

Од кабинетот на Иванов претходно информираа дека по доставувањето на доказот за обезбедено мнозинство се очекува претседателот да донесе одлука во наредните денови.

Скопјанец претепан поради недоразбирање за паркинг место

На 26.04.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје, Д.Ш.(44) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил физички нападнат од С.С.(48) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Утре започнува пролетниот распуст за учениците

Од утре до 6 мај, учениците од основните и средните училишта ќе бидат на пролетен распуст.

Пролетниот распуст е воведен првпат во оваа учебна година, па затоа има промена и во календарот за настава.

Па така, учебната 2023/2024 година за основците ќе заврши на 17 јуни, а за средношколците, како и во минатите години – на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) кога ќе се одржуваат вториот круг од Претседателските избори и Парламентарните избори 2024.

Ден претходно, односно на 7 мај, вторник, во училиштата каде што ќе се организира гласањето, ќе имаат скратени часови и работно време до 11 часот.

Неработните денови поради изборите ќе бидат одработени во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата за да се реализираат дополнителни часови.

Учениците во Скопје треба да надоместат и за пропуштената наставата на 30 ноември лани кога во главниот град беше организиран Советот на министри на ОБСЕ.

За планирањето и организирањето на дополнителните часови, Министерството за образование и наука ги задолжи директорите на училиштата.

Дневен хороскоп

Овен

Разговорот со пријател ќе ве расположи. Ќе имате вешти раце и ќе бидете добри во практични задачи, па би можеле да направите одредени поправки низ куќата. Вашето здравје може да биде чувствително. Насобраниот стрес може да предизвика варење, затоа јадете посна храна и пијте многу течности.

Бик

Љубопитни сте и желни сте за нови информации, кои може да варираат од интелектуално знаење до секојдневни озборувања. Биковите кои бараат љубов се блиску до задоволство на тој план. Пасивноста може да ве спречи на патот кон емотивниот успех, па не очекувајте само другата страна да преземе чекори, бидејќи вие ќе чекате.

Близнаци

Во извршувањето на работата, парите и секојдневните обврски, можеби навистина ќе ја занемарите важноста на партнерството и несебичното емоционално споделување. Затоа искористете го денот за да го поминете со саканата личност на најдобар можен начин. Ако дозволите врската премногу да залади, подоцна ќе ви биде потешко да воспоставите нормален контакт.

Рак

Ова е добро време да се фокусирате на едноставни, суштински работи, како што е чистење на домот. Ваквите работи се поважни отколку што мислите, но премногу е лесно да ги заборавите поради работата што се натрупува околу вас.

Лав

Не ги отфрлајте лесно познанствата со луѓе кои ги среќавате, а кои изгледа не ви требаат. Некои од нив можеби ќе ви бидат од голема помош подоцна. Во љубовта малку ви недостасува целосна среќа. Ве мачи недовербата кон партнерот, како и љубомората. Не сте сигурни во себе и своите чувства.

Девица

Различни непријатни ситници би можеле да ве одвлечат од вашите цели. Стресот нема да биде голем, но ќе ви ја попречи концентрацијата и ќе ви ја одземе волјата за убави работи. Препуштете се на утринската или попладневната мрзеливост со мир на умот, дури и ако имате многу работа околу куќата.

Вага

Чувствителни сте и ранливи, затоа заштитете се од стрес. Откажете ги состаноците, но информирајте ги навреме оние кои сметаат на вас. Очекувајте телефонски повик од личност со чија помош ќе решите проблем кој ве мачи подолго време. Не дозволувајте се да се случува преку телефон, поканете ја кај вас и уживајте во разговорот.

Скорпија

Ќе бидете сочувствителни и прифатливи, што околината ќе го препознае и ќе ви ги побара услугите. Ќе уживате во примањето комплименти и со тоа ќе ја поттикнете љубомората кај партнерот. Ако забележите дека се лути, обидете се да го расположите. Времето е поволно доколку сакате да направите нешто корисно поврзано со вашето здравје или естетски впечаток.

Стрелец

Децата или помладите членови на семејството ќе бидат одговорни за вашиот немир и нервоза. Немате причина за таков страв и дилема. Имајте повеќе доверба во нив и оставете некои одлуки на нив. Пазете се од сопствената мрзливост. Може да се налутите, да најдете вина на сѐ и да го навредувате партнерот без причина за да ги одбраните сопствените слабости.

Јарец

Ќе се разликувате по способноста за прилагодување, а ќе имате и завидни организациски способности. Ќе разберете како да го решите проблемот од емотивна природа. Спроведување на одлуката што е можно поскоро. Ќе најдете заеднички јазик со личноста со која се расправате, што ќе ви донесе големо олеснување.

Водолија

Ќе бидете пријателски расположени со сите. Ќе избегнувате кавги и ќе покажете добра волја сите несогласувања да ги решавате со отстапки. Луѓето ќе одговорат на вашата добрина и ќе ви одговорат великодушно. Брачните двојки, кои минуваат низ кризен период, ќе најдат решение за многу проблеми, особено финансиските.

Риби

Почестете се со ден за забава и релаксација. Заборавете на обврските и препуштете се на мрзеливост или активно дружење, во зависност од тоа што повеќе ви одговара. Љубовните чувства би можеле да бидат возвратени, а ќе биде забележлива и интелектуалната хармонија со саканата личност.

Популарно