Александар Македонски е Македонец – неговиот гроб е во Свети Николе

“Александар Македонски бил Македонец, а со Грците се разбирал преку преведувач “, вели во емисија на Хрватската државна телевизија изјави Домагој Николиќ, независен истражувач на античкиот период.

Spomenik-Aleksandar-Makedonski

-Го прикажуваат секако, знаете. Го прикажуваат како Грк. Јас лично мислам дека тој не е никаков Грк, тој е Македонец. Тој е Македонец со словенска крв. Никако грчка. Ние знаеме дека тој со Грците често разговарал со помош на преведувач и дека кога Грците од неговата војска се обраќале или обратно – кога некој им се обраќал на грчките трупи, тоа го правеле со помош на преведувач. Неговата војска имала околу 37 000 војници од кои само околу 7000 биле Грци, останатите биле Македонци, Тракијци, Илири итн., изјави Николиќ во популарната емисија “На рубу знаности”.

Освен потврдата на овие добро познати факти, Николиќ во оваа емисија изнесе и уште една можеби помалку позната информација, а тоа е дека Словените и Александар Македонски коегзистирале во ист период. Тврдењето на Николиќ дека Александар е Македонец со словенска крв ги демантира информациите дека Словените на овие простори дошле многу подоцна.

Дел од македонска јавност е веќе запознаена со Повелбата на Александар Македонски упатена до Словените односно Привилегијата со која што тој им се заблагодарува за учеството во неговите борби и војувања. Повелбата односно Привилегијата е објавена во книгата “Кралството на Словените” од средновековниот патописец и историчар Мауро Орбини. Токму на оваа книга се повикува и Николиќ и вели дека Александар имал словенска крв по татко му Филип.

Во однос на гробот на Александар Македонски, Николиќ вели дека тој барал неговото тело по смртта да биде однесено во Македонија. Неговите претпоставки се дека Александар е закопан некаде во близина на античкиот град Билазора во близина на Свети Николе. Николиќ е посебно благодарен на македонскиот истражувач Никола Ристевски кој што му открил голем дел од информациите.

Запрашан од водителот уште еднаш да објасни за грчко – македонските релации на Александар и што тоа значи од денешна перспектива со оглед на тоа дека македонската територија подоцна беше поделена, Николиќ вели:

-Грците едноставно би сакале да се Македонци-Грци. Ама, тоа не е така, вели тој нагласувајќи дека до скоро до Солун па и во Солун се говореше во најголем дел македонски јазик, но кога дел од Македонија под сила на одредени околности стана дел од грчката држава, тогаш почнала голема хеленизација.

-Е сега сите ние со сила мора да се согласиме. Зошто ? Затоа што тоа е некаква службена догма и не смее да се доведе во прашање за да не се налутат Грците. Јас не знам зошто е важно кој ќе се налути? Важна е вистината.”, изјави Николич нагласувајќи дека таканаречената хеленистичка историја била пишувана од Германците во 19 ти век и дека Грците во древната историја поради сопствените проблеми често и ги викале странците да дојдат за да им управуваат и да владеат.

Во рамките на емисијата, Николиќ изнесе огромен број интересни но и многу значајни факти за Македонија, особено од областа на метафизиката , езотеријата и астрономијата, а посебен акцент стави на езотериското значење на дел од зборовите во Македонскиот јазик . Инаку, во Македонија е веќе издаден речник на македонски езотерични зборови во рамките на македонскиот езотеричен роман “Розата од вода”.

Кој на која фотелја ќе седне и зошто?

Во дискусиите за реформата на јавната администрација, кои се чини дека секогаш се актуелни, сѐ повеќе се зборува за мерит принципот (или принципот на заслуга) при именувањето на функционери, односно за професионализацијата на раководните позиции во јавната администрација (што би значело дека нив треба да ги пополнат лица со соодветни компетенции и програми). Различни субјекти и организации говорат на оваа тема од различни перспективи.

Домашните стручњаци и невладините организации бараат поголема имплементација на принципот на мерит. Странските експерти често нѐ советуваат како да ги измениме законите за да добиеме посоодветни директори, а меѓународните организации нѐ уверуваат дека тоа ќе нѐ доведе поблиску до интеграција во Европската Унија.

Опозицијата (независно кој ја сочинува) често критикува дека се именуваат некомпетентни лица на раководни функции. Власта, пак, независно кои партии ја сочинуваат во даден временски период, се чини дека не сака да ги напушти повеќедецениските практики да ги именува директорите, членовите на управните и надзорните одбори и слично исклучиво според сопствените преференции и партиската припадност, занемарувајќи ги професионалните компетенции.

Следствено, во епизодата „Кој на која фотелја и зошто?!“ зборуваме за примената на принципот на заслуги во јавната администрација во Република Северна Македонија. Кои позиции треба да се пополнуваат исклучиво според принципот на заслуги? Постојат ли позиции за кои, освен компетенции, е потребна и блискост до програмските определби и политиките на Владата? Како да се осигураме дека едно директорско место или друга функција ќе ја пополни соодветно лице? Може ли да важат истите правила за сите директори (на класичните органи на државната управа, на јавните претпријатија, на јавните установи)? Треба ли да постојат управни одбори во органите на државната управа и јавните претпријатија? Зошто претходната Влада од 2018 до крајот на мандатот го најавуваше Законот за висока раководна служба, но тој не се усвои? Потребен ли е ваков закон? Како се злоупотребува можноста за именување на в.д. директори?

На овие теми дискутираме со проф. д-р Ана Павловска-Данева од Правниот факултет „Јустинијан Први“, воедно и уставен судија, и со Јулијана Караи која е Виш истражувач во Институтот за Европска политика – ЕПИ.

Имаат ли перспектива младите во државава?

Драги пријатели, со голема радост го споделуваме првиот подкаст на Македонско-американската алумни асоцијација од серијалот ‘The Voice of MAAA’ (Гласот на МААА) при проектот ,,Алумни поддршка на волонтерски и воннаставни активности".

Подкастот е на тема „Перспективите на младите луѓе во нашата земја„ и во него гостуваат нашите членови Бојан Кордалов, комуниколог и Иван Дургутов, младински активист, а го модерира Катерина Топалова, новинар.

Се надеваме дека гласот на нашите членови ќе допре до младата популација во нашата земја, како и до сите заинтересирани за темата. Уживајте!

ВИДЕО: Гори мотор на Теодосиј Гологанов во Скопје!

Втор пожар денеска во Скопје. Не толку голем како оној во Универзалната Сала, но доволно силен за да ги вознемири жителите на населбите Тафталиџе и Козле. 

Во пожар изгоре мотор на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов веднаш до комплексот Гранд Престиж. Засега нема информации за повредени или пак за тоа како настанал пожарот.

Видеото можете да го погледнете на линкот подолу.

Испратено од: Сара

https://youtube.com/shorts/20hGpiR-0SU?si=DFfQ5VxsyiO-B7dw

Популарно