Дневен хороскоп

ОВЕН

Посочувам дека Марс има лош аспект со Меркур, што претполага голема брзоплетост, не баш опстојно размислување и заклучување, доста загуби поради тоа, но и поради обидот некои работи да се затскријат, па ќе ви се откријат, а фрустрацијата, инхибицијата или срамот ќе се обидете да ги "покриете" со викање, галама, најчесто лоши односи со партнерот, губења, можеби и на предмети, пари, промашување на местото на средба, состанок, еден куп нешта поради брзоплетост и нервоза. А се може да биде и поубаво.

БИК

Денес сепак преовладува аспектот на Меркур со Марс и тој инклинира кон нервози, лоши расудувања, брзоплетост, немир, агресивност во говорот, мафтање со рацете и слично, недокажување на работите до крај, обиди да се скријат значајни информации пред други луѓе кои најчесто на некој начин ги потценувате или пак зависат од вас, во некаков субординиран или подреден однос се кон вас или пак се на подолно материјално, социјално и интелектуално ниво од вашето. Овој аспект, за жал, е долготраен и има сила на дејствување од неколку дена.

БЛИЗНАЦИ

Вашиот заштитник Меркур кој е во импулсивниот Овен, добива дополнителна негативна енергија од Марс и тоа може да биде навистина нервозни изблици на работ на експлозија и хистерија до која ќе ве доведат некои личности од вашето секојдневно социјално живеење, личности кои имаат декларирано чувства кон вас, пријатели пред се, но и сите останати, можеби и оние кои вас ве сакаат, но вие не можете соодветно да им одговорите. Значи многу нервози на тој план, лоша реализација на плановите, загуби поради тоа, лоши финансиски потези.

РАК

Можеби ќе се обидете да го компензирате лошиот аспект на Меркур со Марс користејќи ги останатите бенефитни дневни аспекти на Месечината, па и со Јупитер кој ќе ви помогне од вашиот знак, што сепак нема да ви ја исклучи брзоплетоста во некакви одлуки кои ќе ги темелите на можеби моментална повреденост поради некаков збор, гест или поглед, настроение на другите на деловен план или со некој авторитет, од кој најчест е оној на родителот, оној кој е доминантен. Многу нервоза која ќе ја "голтате" што не е добро.

ЛАВ

Ме носи редот, поради природата на аспектот и неговата конотација која не е баш добра, да ви советувам крајна претпазливост кога е во прашање возењето и учеството во сообраќајот, дури и ако сте само пешак, а посебно ако заминувате денес баш на некаков пат, бидејќи можни се непосакувани случувања, посебно ако користите патничко возило. Прилично лоши и напнати односи со најблиските, нервози, а богами и емотивни реакции кои само ќе ја влошат состојбата со најблиските најчесто со брат, сестра, но и со други личности со кои имате чувство на таква близина.

ДЕВИЦА

Меркур е вашиот заштитник и кога тој има лош аспект вие не можете да се чувствувате премногу добро освен ако не сте на спиритуалната патека добро одминати, па овој аспект можете да го "контролирате", односно да не реагирате на него. Инаку за повеќето, кои и онака не можат да се пофалат со некаква силна психолошка енергија овој аспект може да предизвика агресивност, големи нервози, брзоплетост во одлучувањето, доста материјални загуби, посебно ако на некаков начин управувате или манипулирате со туѓи пари, било на деловен или на приватен план.

ВАГА

Денес, но и во следните неколку дена можни се прилично силни агресивни расположенија поради некаков однос на партнерот кон вас, негова брзоплетост, изнасилени реакции или несоодветни, непотполни информации, неизјаснување, лаги, прикривање. Некакви "филозофии" кои немаат никаква основа, импулсивност, "така сакам", или некакви слични однесувања на некого во јавноста на јавно место, можни расправии со партнерот на јавно место или објект, што секако нема да ви биде пријатно. Внимавајте, аспектот е делотворен неколку дена.

СКОРПИЈА

Немате баш добри причини за задоволство од астролошка гледна точка, бидејќи во Марс има прилично напнат аспект со Меркур, па оттаму многу нервози, можни реакции поттикнати од фрустрираност, инхибиција или настојчивост, агресија, многу лоши проценки, загуби поради тоа. Употреба на прости или простачки зборови, пцовки, недолично однесување, кавги и расправии најчесто со личности кои не се образовани, кои се на прилично ниско социјално и интелектуално ниво. Многу страсти, тајни сексуални пориви кон погрешни личност.

СТРЕЛЕЦ

Не знаете што мислат луѓето за вас, но може да насетите според нивното однесување. Внимавајте на нивните его пориви кои вие без пардон ги посочувате, а тоа може да биде доста опасно поради можните реакции. Иако тоа не го правите од злобни намери туку од искреност, секогаш запрашајте се ве поканил ли некој да му кажувате каков е, што неповиканото кажување на "вистините" во најмала рака е невоспитано и бадијала ќе се буните и ќе се расправате поради нервозните реакции на личностите од вашето социјално опкружување, најчесто помладите пријатели и познаници.

ЈАРЕЦ

Сите дневни аспекти се прилично добри да не речам одлични, но едниот на Меркур со Марс е исклучително лош, силен е неколку дена, се до викендот ако не и нешто преку него, и може да ви го расипе убавото расположение и намери, но виновни ќе бидете само и исклучиво вие, и тоа поради брзоплетост, нервоза, фрустрираност поради остри критики и несогласувања кои сте ги упатиле кон некого, најчесто во борбата за некаков статус, достоинство, на деловен или приватен план, расправии со родители или барем со еден од нив и слично.

ВОДОЛИЈА

Велам што ако малите ситни дневни аспекти се добри кога не ќе можат да дојдат до израз поради лошиот однос на Меркур со Марс, кој инклинира кон не баш успешни, позитивни односи и комуникации со личностите, најпрво од првиот круг на роднини па понатаму. Можни се и лоши комуникации со службеници низ институциите на државата, забуни поради лоши или неисправни документи, барање дополнителна документација, лоши процеси, непогодности за сите видови на полагање или проверка на некакви знаења. Внимавајте на сообраќајот.

РИБИ

Ете на пример Нептун има убав дневен аспект со Месечината, што значи навистина убави идеи и намери од наутро, но тешка реализација бидејќи делува и посилниот аспект на брзиот, па пребрзиот Меркур со агресивниот Марс, а тоа значи пренесени информации на агресивен начин, како, ако прашате, со викање, би ви одговорил, а каде што е викањето, таму е и нервозата, фрустрацијата, па и надвикувањето. Причина за сето се лоши проценки, ваши за некого, темелени повеќе на очекувања отколку на реалноста, трошоци, управување со пари на некого или заеднички и слично.

Коментари

Популарно