ВИДЕО: Мачка му го спаси живот на сопственикот

Мачка по име Сали го спасила животот на својот сопственик Кртег Џивс, кој можел да настрада во пожар.. hitportal-macka

Четириесет и деветгодишниот спиел во својата куќа во мелбурн, кога во понеделникот рано наутро го разбудила вознемирената мачка. Сали му скокнала на глава и гласно замјалкала. Џивс се разбудил и сфатил дека куќата се запалила и во последен момент успеал да побегна надвор.

 „Немаше да се разбудам да не беше таа“, вели Џивс, кој заедно со мачката се неповредени, но куќата е потполно уништена во пожарот.

Пожарникарите набрзо пристигнале и речиси половина час го гаселе огинот, после што процениле дека околу 80 отсто од куќата изгорела. Џивс вели дека е среќен што е жив, благодарение на својата хероина Сали.

Причината за пожарот не е утврдена, но се претпоставува дека е дефект на грејно тело. Крег Џивс и мачката Сали некое време ќе живеат кај соседите.

Коментари

Популарно