Грозно: На голманот му подметнале урина наместо вода

Голманот Рето Фелдер од швајцарскиот фудбалски клуб Мурија се закани дека ќе ги тужи навивачите на Баден кои за време на натпреварот наместо вода му подметнале урина. Фелдер изјави дека му било многу тешко кога се напил од шишето и заклучил дека во него наместо вода има урина.

golman-300x177

Според швајцарските медиуми засега непознати хулигани го наговориле собирачот на топки во текот на второто полувреме да го замени шишето кое стоеше покрај голот. Кога Фелдер сфатил што пие, противничките навивачи му скандирале „Сега имаш сида“. Неверување за настанот искажа тренерот на Мурија Бат Хубел

- Ова е шокантно. И јас сум играл фудбал и сум се соочувал со многу непријатности, ама овој настан ги пречекорува сите граници, рече Хубел. Извинување до голманот дојде од претседателот на Баден Томи Браун кој изјави дека клубот спроведува внатрешна истрага за овој инцидент.

Коментари

Популарно