Џиновска пастрмајлија пресечена во Штип

Со претставување на џиновската пастрмајлија, денес на пладне во Штип неофицијално започна годинашнава манифестација „Штипска пастрмалијада 2014″.

pas-500x396

По седми пат, штипјани ќе бидат домаќини на оваа уникатна манифестација на која се очекува да присуствуваат над 100.000. Градоначалникот на Штип Илчо Захариев, денес ја пресече џиновската пастрмајлија долга околу два метри по што истата ја вкусија стотина штипјани кои присуствуваа на настанот.

500pastrst5

Официјалното отворање на манифестацијата е вечерва во 19:00 часот. Освен штандовите, за прв пат е утврдена и кампинг-зона во коритото на река Брегалница, каде за секој кампер, организаторот обезбеди по една пастрмајлија за ручек. Вечерва главна ѕвезда е пејачката Елена Ристеска а утре турбо-фолк изведувачот Аца Лукас, додека во сабота на штипјани ќе им се претстави Жељко Јоксимовиќ.

Коментари

Популарно