РЕЦЕПТ: Најбрз ајвар - нема да верувате за колку време се прави

Спетември и октомври се месеци за правење зимница, а ајварот е една од најчестите состојки во секоја зимница. Оттаму потребата да ви го презентираме овој рецепт за неверојатно брз ајвар: przenje-na-ajvar Потреби состојки:

  • 10 кг. црвен пипер
  • 200 г. шеќер
  • 200 мл. вински оцет
  • 1 л. масло за јадење
  • сол по вкус

Пиперките најпрво се печат, се лупат па се мелат. Во голем сад на оган се става масло за јадење, оцет и шеќер. Сето ова треба да почне да врие па се додаваат мелените пиперки. Откако ке почне да врие се пржи со постојано мешање околу 40 мин. додека не почне да се двои од садот.

Коментари

Популарно