Татко во Штипско ја силувал својата малолетна ќерка!!!

Маж од штипското село Радање си ја силувал 13-годишната ќерка, јави Канал 77. Според радиото, мајката на девојчето го пријавила случајот во полиција, а се чека гинеколошкиот преглед за конечна потврда.

siluvanje

Според радиото, таткото Г.С. од карбинското село Радање живеел одделно од сопругата, која ги однела трите деца со неа во семејната куќа на родителите.

Тој после семејна расправија ги земал децата кај себе и во понеделникот, според пријавата, ја силувал една од близначките. Канал 77 вели дека Г.С. честопати во пијана состојба ги малтретирал и своите родители.

Задржан е во полиција, а со девојчето работи тим од Центарот за социјални работи во Штип.

Коментари

Популарно