Викенд хороскоп

ОВЕН

Зборувам за Марс кој влегува во знакот на Јарец и тука ќе остане најмалку педесетина дена, можеби и повеќе. Ова е положба која ви овозможува успешност, но и борба да се докажете на деловен, професионален план, исклучително материјалистички настроени со материјални пориви и верувања во истите како единствено можни, егото доста агресивно и милитантно, неретко врзано и за некаква опасност или негативна енергија иако може да се добие поддршка и помош од другите, и на материјален и на духовен план.

БИК

Викендов Венера е во одличен аспект со Сонцето, а тоа е тридневен аспект на некакви сатисфакции на планот на љубовта и парите. Но најбитниот аспект викендов е влегувањето на Марс во знакот на пријателскиот Јарец, во положба која се означува со егзалтација, однос со својствата на Марс кои доаѓаат до полна сила, а тоа може да ве направи прилично арогантни, горди, суетни, агресивни, во судир со околината, поретко и со законот, но со законот е можен контакт и ако работата е таква, судија, адвокат, истражител, обвинител. Можни проблеми поради патувањето на партнерот во странство.

БЛИЗНАЦИ

Пријателствата ви се многу важни, ако не ќе бидат во еден двомесечен период, а од нив може да очекувате секаков вид на помош и морална и материјална ако сте во некаква деликатна состојба или случување. Од друга страна и сексуалните односи можат да бидат врзани за пријател од спротивниот пол, а истото да се третира како љубовен однос. Во зависност од вашите лични хороскопи и на кој тип на Близнаци му припаѓате, можат пријателите и да ве искористат или пак да имате некакви непосакувани случувања со нив, да сте на некаков начин потресени поради некакво случување со некој од нив.

РАК

Ќе сакате да сте во центарот на вниманието или на партнерот или на вашата поширока околина, вклучувајќи ги тука и роднините и поблиските и подалечните. Можни се различни ситуации со партнерот или околу партнерот. Викендов може да е се во ред, но во останатиот период од речиси два месеца можни се секакви изненадувања, секако ако ги имало и од порано. Најбенигниот начин е тој да попречува на некаков начин да бидете успешни на деловен или професионален план, или пак односот да трпи поради некакви негови професионални ангажмани.

ЛАВ

Во еден следен период, речиси до Нова година, ќе бидете насочени кон остварувања за кои верувате дека ќе ви овозможат удобно живеење. Имате големи очекувања, големи планови и слики, но реализацијата е некако пребавна за вашето трпение. Ова може да е исклучително поволен период за остварувања во сопствениот бизнис, но проблемот е вашиот елан и работоспособност, бидејќи ако сте во период на мрза тешко дека некој или нешто може да ве придвижи. Внимавајте на едниот родител и неговото здравје ако живеете на купче. По домот се можни многу дефекти.

ДЕВИЦА

Марс во просек останува околу два месеца во знакот на Јарец, можеби и да е многу пократко но и многу подолго, зависи од неговата брзина и дали се движи ретроградно. Во вашиот случај можете да сметате на месец и половина дена кои ќе ви бидат ако не позабавни од досега, што е многу можно, тогаш секако подинамичен, а љубовниот живот полн со случувања. Сексот и еротиката можат да играат голема улога во животот како и децата, а деца ако се немаат, можат и да дојдат. Многу страсти, па внимавајте и на љубомората која тука некаде чека на своја прилика.

ВАГА

Ова е можеби одличен период за вас, за брачниот и семејниот живот, за домот, а кон него би требало да гравитира и вашиот партнер. Родителите можеби малку повеќе ќе се мешаат во односите со партнерот и ќе коментираат непрашани секако, за сенешто, сметајќи го тоа како свое право, а не како резултат на невоспитаност и доминантност. Некои недвижнини во центарот на вниманието, ваши или на партнерот, во наследство или во таков процес. Викендов ќе нема никакви проблеми на овој план, но аспектот велам трае неколку месеца.

СКОРПИЈА

Постојано во комуникации, во јавност, по сокаци што се вели, многу комуникации и со подредените, со брат/сестра, со комшии, постојано во движење. На здравствен план морате да внимавате на повреди, посебно на долните делови на нозете, а колената најчесто страдаат поради паѓања, исчашувања, кршеници, потиснувања и слично. Мора да се внимава и на сообраќајот, бидејќи концентрацијата е потисната, а засилена е агресијата и импулсивноста, посебно на овој план. Викендов речиси ништо од сето ова, но аспектот е прилично долготраен.

СТРЕЛЕЦ

Може да имате или ќе имате таинствени и конспиративни извори на приход, а можеби во прашање се некакви конспиративни сметки или црн фонд од кои покривате некакви свои лични потреби. Вообичаено некаква заработка од некоја работа за која не се зборува многу, од странство или пак од некакви занимања и професионална дејност. Но пари можат да се добијат и од некакви задоволства, од игри на среќа, поради деца, некакво наследство кое им е препишано ним и слично. Најбитна потреба е се да е легално и во рамките на законот.

ЈАРЕЦ

Во еден доста долг период од неколку месеци, ќе имате некаква потреба некого за нешто да го подучувате, или пак вие да се здобиете со некаква доквалификација, па можете тоа да го сторите на некој курс, семинар или пак на официјалните високошколски установи, како завршување на магистерскиот или докторскиот процес. Ова ви е и период да се одлучите за некаква промена која ве притиска од поодамна. Но внимавајте поради своите убедувања, особено патриотизмот, може да станете и прилично груби и агресивни, па и во физичка смисла на зборот.

ВОДОЛИЈА

Нема да се гледате во првите редови, но секако ќе сакате да одлучувате и да ги влечете конците или потезите, посебно на деловен, професионален план. Кога се во прашање такви интереси ќе сакате да останете таинствени, скриени, конспиративни. Се надевам дека подразбирате дека најчесто ова може да биде и прашање на некакви дејства кои се косат со законот или добрите обичаи, а се од најдобри намери, но и незнаење. Всушност може да се работи и за тактики, дипломатија, заштита на одредени личности и нивниот авторитет. Внимавајте на соседи кои сакаат се да знаат за вас.

РИБИ

Многу пријатели, познати ќе имате околу вас во еден доста долг период, најчесто со исти или слични животни ставови и потреби како вашите, или пак вие ќе им ги диктирате. Силна дипломатска умешност и такт во однесувањето, а многу од посочените можат и да не се од вашата средина, односно да се странци и да комуницирате со нив по електронски пат. Планови кои најчесто се врзани за далечини, странство, странци. На ваков или сличен начин и ќе заработувате, а предиспозициите за тоа како аспекти и потенцијал се навистина добри.

Коментари

Популарно