Дневен хороскоп

ОВЕН

Можеби имате многу пријатели од кои некои ќе се однесуваат прилично невообичаено и чудно за ваши критериуми. Неретко можни се и прилично големи тешкотии и проблеми во кои ќе ве стават пријателите поради некакви активности кои ве тангираат и вас, некакви заеднички активности и слично. Можеби ќе имате сигнали на опасност кои нема да ги есапите, па оттаму потоа и каење и самообвинување поради истото. Од друга страна, можни се проблеми и поради личности кои имаат многу чувства кон вас на кои не можете да одговорите.

БИК

На некој начин работата која ја извршувате или пак активностите со кои сте ангажирани можат да заинтересираат повеќе личности од вашето опкружување, да започнат да ви се мешаат и да сугерираат различни решенија и пристапи, едноставно да се почувствувате несамостојни и субординирани, па оттаму и гнев и лутина кај вас која може и да не можете да ја манифестирате, но ќе трпи квалитетот. Многу изразени можат да бидат посакувањата и доста мечтаење за успех и некакво славољубие. Судири се можни со женски авторитети.

БЛИЗНАЦИ

Можеби текот на настаните и односите ќе ви покажат дека треба малку повеќе да се насочите кон повозвишените нешта од што се дневните на ти го-дај ми го, материјалната сфера, парите и трчањето по нив односно верувањето во материјалната и материјалистичката концепција како единствено можна. Со други зборови, ако имате и ви се манифестираат проблеми, анксиозности, нервоза, помислете дека е дојдено време да ја стивнете работата на мозокот, која е во функција на неостварливи проекции и која поради тоа ви арчи големи количества енергија.

РАК

Можни се неколку дена на голема нервоза, напнатост поради одредени стравувања и загриженост, посебно за некој близок од вашето семејство, а тоа е без исклучок погрешна насока на сопствената енергија. Загриженоста е всушност проекција на непосакувани настани од кои се плашите дека ќе се случат и токму поради вашата грижа и можат да се случат. Значи, ќе морате да поработите малку на своите ставови, перцепции и концепции на својот оптимизам, што подразбира некакво будење на духовен план. Можности за антагонизам кон женските членови на семејството.

ЛАВ

На некаков начин ќе бидете или ќе добиете некаква популарност во нешто поширокиот круг на познати, можеби и поради енормниот број на комуникации и контакти, а некои од нив доста проблематични, посебно по прашање на вашето расположение и чувства. Истото е можно и поради вашиот партнерски однос, брачниот однос кој, ако е начнат, лош, може да трпи прилично силна нестабилност, а во одделни ситуации да дојде и до дефинитивен раскин, развод. Дури и во привидно стабилните врски може да дојде до осцилации и турболенции во следните неколку дена.

ДЕВИЦА

Денес, но и во следните два дена може да бидете насочени кон некаква активност која всушност претставува некој вид усовршување во вештините или знаењата, а тоа ќе го правите на помалку неконвенционален начин, за многумина чуден. Но инсистирањата на се подобро и подобро може да стане опсесија со тенденција да се започнуваат многу нешта и ако не ви се одвиваат онака како што замислувате, да ги напуштате. Внимавајте на својот здравствен билтен и оставете го пушењето токму денес .

ВАГА

Нешто малку повеќе емотивни и чувствени денес, во зависност од добата може да бидете помалку или повеќе романтични, постарите а најверојатно и поголемиот дел од машката популација на знакот нешто повеќе сентиментални кон некакви предимензионирани случувања од минатото, па и раскажување на приказни од тоа време, посебно ако се поттикнати од некаква заинтересираност од личностите кон кои имаат многу чувства, децата на пример. Ова е добар ден а и два следни за пренесување на некакви знаења, на приватен или професионален план.

СКОРПИЈА

Имате потреба по безбедност и сигурност но како што стојат аспектите имате и многу нешта за решавање во домот, посебно со некој од домашните, можеби со едниот родител по правило со спротивен пол од вашиот. Иако имате тенденции кон мир и спокојност може да бидете изложени кон несоодветно однесување на некој домашен, па и да излезете од таквата посакувана состојба ако паднете на провокации. Ова се можни два дена нешто да завршите по прашање на некаква активност во домот, некаков однос со некој домашен или пак да започнете сосема нешто ново на споменатите планови.

СТРЕЛЕЦ

Доминантни, интелектуално и комуникативно исклучително силни и многу љубопитни денес и во следните неколку дена. Можна е силна поврзаност и комуникација со членовите на семејството, брат/сестра можеби, но и соседи и со сите оние со кои и да не сакате сте поврзани, колегите на работа како уште еден пример. Но најмногу ќе комуницирате со необични личности, односно за необични нешта. Можни се обиди од ваша страна да манипулирате со личности кои ви се блиски и зголемете го вниманието во сообраќајот.

ЈАРЕЦ

Можни се нестабилности на планот на парите и финансиите, неретко и поради некакви екстра трошоци кои не сте ги предвиделе или сте направиле превид, можеби и поради некакви заостанати долгови, поради неплатени сметки и обврски. Сепак ако сте дисциплинирани какви што сте ваквите можности можат да бидат актуелни само кај поединци. Се наметнува голема потреба во следните неколку дена да поработите малку повеќе на својот оптимизам и ведро расположение.

ВОДОЛИЈА

Имате потреба да си ги изразите емотивните состојби, но истото може да го правите на прилично чуден и двосмислен начин, со алегории, со метафори и слично, а неретко и со нешто повеќе сарказам, најпрвин насочен кон себе, но и кон другите, особено кон оние за кои мислите дека ви се огрешиле, особено на чувствен план, најчесто пријатели. Од друга страна , ако имате блокади во искажувањето и изразувањето на емотивната состојба, може да бидете непрестано активни, да не можете да седите без работа.

РИБИ

Во следните неколку дена може да не бидете баш пример за самоувереност и да имате многу колебања во себе , па и за најбенигните и дневни нешта да не можете да изразите јасен став. На пример, ако ве запраша некој дали сте гладни или жедни може да му одговорите со, што знам. Можни се чувствени компликации и комплицирања, бидејќи вие едноставно не можете да ги сублимирате нештата, посебно на емотивен план. Оттаму премногу емпатиски наклонетости кон личности иако тие не го заслужуваат тоа, туку ви ја крадат енергијата со своите приказни која ја имате и онака помалку од потребната.

Коментари

Популарно