Вардар немаше среќа, Веспрем ги однесе бодовите

Пеколот во Јане Сандански, двомечот на гигантите, жестоката ракометна битка, заврши во корист на посреќните. Унгарскиот првак ги однесе бодовите и е првиот тим кој победи во новиот дом на црвено-црните. 

rk-vardar

Вардарци нема од што да се срамат, одиграа храбро, машки, без страв и респект со една од најдобрите, ако не и најдобрата екипа во Европа. Го имаа натпреварот во раце, но во последните моменти, пво Брумен промаши седмерец, а потоа на само 15 секунди до крајот и напад за победа ја изгубивме топката и дозволивме победа на Веспрем.

По овој натпревар Веспрем останува со максимален ефект во Лигата на Шампиомните и се наоѓа на пвото место во групата. Вардар сега има 2 победи, еден нерешен исход и овој пораз.

Коментари

Популарно