На чекор до сонот

Заврши групната фаза на светското ракометно првенство во Катар. Денеска за нашите ракометари е ден за одмор и подготовка за утрешниот, најважен меч на ова првенство против Словенија. И додека стручњаците го анлизираат противникот и досега постигнатото, додека се прави план за утрешниот натпревар, јас ќе се задржам на големината на 18-те момци кои ја преставуваат Македонија пред светот.

10947298_999364563424848_3210161841004274944_n

Не е прв пат овие момци да го добијат епитетот ХЕРОИ. Се случи тоа за прв пат на светското првенство во Хрватска, за пред само 2 години 100.000 Македонци да ги пречекаат на плоштадот Македонија во Скопје, по петтото место на евроспското првенство во Србија. 100.000 луѓе излегоа на улица затоa што ги почитуваат, затоa што се горди на нив и постигнатото, затоа што покрај нив и тие се горди што се МАКЕДОНЦИ! Да, овие момчиња го направија и сеуште го прават тоа. Заради нивните подвизи и ова зимо во Катар сите ние сме горди што сме Македонци.

Ние сме млада држава (барем во овие граници), годините ропство и тежок живот ни го украдоа идентитетот. Спорот со Грција и името, но и внатрешните поделби на жолти и портокалови, црвени и црни... не помогнаа при воозобновување на чувството на припадност кон нацијата. Македонецот кој некогаш гордо стоеше меѓу другите народи стана Македонче. Се наше стана неважно, безвредно, а се туѓo бесценето и правилно. Се изгубија вредностите за кои некогаш се давал и животот. Летаргија, апатија, па дури и нездоволство кон својата држава и народ...

1503420_999363870091584_2527926269001887454_n

Во минатото идентитетот се градел низ војни и походи, па оние воено најсилните држави имале највисоко ниво на патриотизам. Денеска тоа не е така. Во модерниот свет спортистите се воините. Денеска тие „гинат“ во спортските арени. Нивните победи и порази се и наши. Тие се нашиот идентитет! Секоја чест на хероите во минтото, но кога Лазаров и другарите ќе застанат покрај фонтаната на плоштадот во Скопје, за мене тие се повисоки од споменикот на Александар Македонски. Наум, Борко, Диви, Жути, Златко, Столе, Ацо.... покажаа дека не е доцна! Покажаа дека Македонецот не е мртов и едвај чека мала искра на надеж за да се разбуди од долгиот сон. Го покажа тоа и македонската фаланга. Македонските навивачи жедни за победи препознаа херои, па ги следат дури и во Катар. Светот е збунет од оваа конекција, се чудат на хемијата на играчите и публиката. Сведочат на нешто досега невидено, будењето на една стара нација. Будењето на Македонецот!

1512437_999364756758162_6232117225524832010_n

Македонските ракометари утре влегуваат во битка со Словенија. Битка во која влогот е многу поголем од четвртфинале во Катар и обезбедување на место на квалификациски турнир за Олимписките игри во Рио. Македонските херои утре, на чекор до сонот, водат уште една битка за будење на нацијата и враќање на нашето место во светот. Зад себе не имаат сите 2.000.000 Македонци низ светов и го знаат тоа! Нема страв, нема двоумење, победата е веќе наша само треба да си ја земеме.

ЗА КОГО?!!!!

ЗА МАКЕДОНИЈА!!!!!!!

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно