Прошталното писмо на 19 годишната девојка која си го одзема животот

Родителите на 19-годишната Медисон Холеран една година по нејзиното самоубиство решија да го споделат со светот нејзиното проштално писмо

mamo-tato-vekje-ne-znam-koja-sum-ve-sakam-i-zhal-mi-e...221642

Мислев дека е тешко да се биде заклучен во некоја просторија, но многу е потешко да се биде заклучен одвнатре. За тебе мамо... за ѓерданите... За вас бабо и дедо... и за колачите со ѓумбир (секогаш ме потсетуваа на вас)... За тебе Ингрид... За сите оние среќни проекти... За тебе тато... и за чоколадното суфле. Сите ве сакам. Жал ми е. Ве сакам.

Не знам веќе која сум, се обидувам, се обидувам, се обидувам. Жал ми е, ве сакам, жал ми е, жал ми е, жал ми е. Како се случи сево ова?", напишала Медисон.

Нејзиниот татко, Џим Холеран (62) верува дека писмото на неговата ќерка ќе им помогне на луѓето кои се борат со депресија. Тој и неговата сопруга тешко се борат со загубата.

-Не ни можела да замисли колку ќе ни биде тешко без неа, рекол тој.

mamo-tato-vekje-ne-znam-koja-sum-ve-sakam-i-zhal-mi-e...221643

На родителите им порачува да внимаваат на однесувањето на нивните деца и да реагираат на првите промени, да разговараат со нив.

Самоубиството на оваа студентка било голем шок за сите во нејзиното родно Њу Џерси. Медисон, која на социјалните мрежи често објавувала фотографии на кои се смее и изгледа среќно, а еден месец пред смртта им кажала на родителите како се чувствува. Таа посетувала психолог, а неколку часа пред да го изврши самоубиството, на Инстаграм објавила фотографија од заоѓање на сонцето.

Нејзините родители, Стејси и Џим Холеран, на Фејсбук креирале страница In Memory Of Madison Holleran, на која сите оние кои се борат со депресија можат да напишат се што сакаат.

Коментари

Популарно