Еве зошто сте зависни од кафе

Научниците од Универзитетот во Бразил, успеале да издвојат супстанца т.е. протеин од кафе, кој наводно има слично дејство како морфиумот, со тоа што трае подолго време.

kafesoveti

Истражувањето предводено од Фелипе Винецко од Одделот за молекуларна биологија при Универзитетот во Бразил, покажало дека во кафето има фрагмент од протеин, кое се нарекува пептид, кој има забележителни седативни појави, но и аналгетски, како и дека не се забележани несакани ефекти.

Винецки одлучил да патентира седум опојни протеини, пепиди.

„Овие пепиди имаат позитивни разлики, а нивните ефекти траат четири пати подолго во однос на морфиумот, а немаат негативни ефекти“, рекол Винецки. Во Ембрапи веруваат дека ова е големо биотехнолошко достигнување и дека ќе биде од голема помош за индустријата на храна, но и би можело да помогне за смалување на стресот.

Коментари

Популарно