Како да ги казните Пратениците кои потрошија огромни суми за патни трошоци?

Кога започнав да пишувам колумни идејата и желбата ми беа да пишувам повеќе позитивни текстови. Сакав на читaтелите да им поделам и позитивна енергија, но за да пишуваш позитивен текст, потребен е позитивен настан за кој луѓето сакаат да знаат, а такви нема. Ќе бев многу среќен ако денеска во полуфиналето наместо Катар, Македонија славеше над Полска, но не се случи. Ќе бев среќен ако некој од пратениците одвоеа пари за хуманитарни цели или ако барем не го испразнеа буџетот за патни трошоци. Но, реалноста е дека живееме во свет, држава во која оние кои се интересни за колумна многу редовно прават негативни потези, па јас едноствно морам да ги критикувам.

ce91ffb3-c640-478d-bf35-09da48468b6dcx0cy2cw0mw1024sn

За разлика од повеќето медиуми јас нема да се задржам на пратениците од едната или другата политичка опција. Мене не ме интересира како е обоен оној кој ги троши државните пари за свои мераци. За мене сите кои земале огромни суми за патни трошоци се во иста кошница, кошница на криминалци. Читајќи ги информациите за то кој колку пари заработил на патни трошоци, дојдов до формулатa со која се пресметуваат парите за превоз. Еве ја:

Надоместок за патни трошоци = изминати километри х цена на гориво х 30%

Во ред, формулата е реална, но да видиме што таа зборува за пратениците кои потрошиле 20.000 евра за една година.

Ако 20.000 евра се 1.220.000 денари, а просечната цена на еден литар горива лани изнесувал 75 денари, ова значи дека пратеникот поминал 55.000 километри за една година на релација дома-работа -дома! Да живеевме во САД и да рзберам, но во Македонија човек навистина треба да се потруди за да помине 20.000 километри, а камо ли 55.000!

Јас никако не можам да разберам што треба да биде скршено во вас за да крадете од својот народ, без никаков срам и чувтсво на одговорност! Зарем овие луѓе се толку егоцентрични и веруваат дека на некој начин ги заслужиле овие пари? Дали е возможно да нашле начин да ја оправдаат својата постапка? Или се се сведува на САКАМ СЕ ЗА СЕБЕ, а другите кој ги ...!

Единствената добра информација поврзана со патните трошоци за нашите пратеници е дека не се сите без осет, некои од нив (сеуште) имаат совест. Ако сите 120 пратеници земаа по 20.000 евра за превоз, само за таа стапка ќе летнеа 2.400.000 евра од државниот буџет!

Обично секој тескт го завршувам со заклучок или поента, но овој пат јас немам што да им порачам на овие ликови. Ако нив ги интересираше моето мислење, тие немаше да потрошат мало богатсво на бензин. Не ги интересира ни вашето мислење, да ги интересираше ќе најдеа начин барем да се извинат. Нив не ги интересира ништо, освен вашиот и мојот глас на следните избори. Тогаш можеме да ги казниме,

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно