Потребни се 10.000 евра за лекување на четиригодишниот Михаил!!!

Неговите родители упатуваат апел до сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат ова четиригодишно детенце да се излекува да донираат парични средства.

dete

На четиригодишниот Михаил Јолески од Кичево, дијагностицирана му е тешка хронична аномалија на бубрезите, поточно лев бубрег со многу ниска функција, а десен бубрег огромен и дилантиран (проширен) со стеноза на мочен уретер.

За неговото лекување потребни се 10.000 евра , а неговите родители не се во можност сами да ги обезбедат средствата.

Неговата операција е закажана на 29 мај, но родителите мора претходно да ги обезбедат финансиите за операцијата да може да биде реализирана.

Тие упатуваат апел до сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат ова четиригодишно детенце да се излекува да донираат парични средства на следната жиро сметка 210-5016883338.40 НЛБ Тутунска банка.

Коментари

Популарно