Пред 11 години дете предложи идеа за веб страна која денес секојдневно ја отвораме!!!

Кога прв пат почнавме, се надевавме на 400 до 500 корисници! Харвард немаше социјална мрежа, па јас се обидов да го надополнам тој недостаток.

фацебоок

20-годишниот Марк Цукерберг пред точно 11 години се појавил со идеја која ретко кој ја разбирал во тоа време, а зборувал за нешто што ќе се вика "thefacebook.com". Ова видео повторно се појавило оваа седмица, а водителите го прашале што очекува од својата идеја и која е перспективата.

Неговиот одговор гласел:

"Не може да се каже! Кога прв пат почнавме, се надевавме на 400 до 500 корисници! Харвард немаше социјална мрежа, па се обидов да го надополнам тој недостаток. Сега, имаме повеќе од 100.000 корисници и не знам како ќе продолжи! Се надеваме дека наскоро ќе се приклучат и другите факултети, а ќе почнеме и со разни апликации кои ќе ги враќаат луѓето на нашата веб страна"!

Потсетуваме, Фејсбук денес брои повеќе од 1.39 милијарди дневно активни корисници, 8.348 вработени, а годишниот приход изнесува 201,7 милијарди американски долари.

Коментари

Популарно