Македонската винарија „CHATEAU KAMNIK“ со престижни награди за своите вина

Винаријата Камник со својот уникатен пристап во создавањето на вино, правејќи единствена комбинација од најмодерните светски методи и традиционалните македонски вредности на производството на виното, комбинирајќи ги науката и уметноста, природата и знаењето, со вистинска страст за совршенстово, продолжува и понатаму да создава вина кои се рангирани меѓу најдобрите на светот.

Syrah-2012-so-stiker-2015-flat

Едно од најновите признанија се однесува на виното „TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012“ доаѓа од престижниот „Syrah du Monde® 2015“ каде ова вино беше наградено со златен медал. Станува збор за единствениот натпревар на светот на кој се оценуваат единствено „Syrah/Shiraz“ вина. Овој реномиран светски настан годинава се одржа помеѓу 20 и 22 мај во Ампуис, Франција, организиран од страна на Forum Œnologie. На натпреварот имаше конкуренција од 418 винарии од 26 земји, што ја изразува димензијата на еден од најважните светски настани за „Syrah/Shiraz“ вина. Покрај златниот медал за „ТEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012“, како дополнително признание за извонредноста на квалитетот е и фактот што ова вино е рангирано на престижното трето место на листата на 10 најдобри „Syrah“ во светот, со што Македонија, заедно со Австралија, Франција, Јужна Африка, Португалија и Канада, стана една од 6-те држави чии „Syrah“ вина се наоѓаат во листата на топ 10 „Syrah“ во светот.

Во однос на самиот натпревар „Syrah du Monde®“, интересно е да се напомене дека се издвојува од другите меѓународни натпревари благодарение на стандардите за квалитет кои се многу построги од она што претставува норма, и на тоа што останува верен на принципите на кои се темели: разновидност, квалитет и високи стандарди. „Syrah du Monde®2015“ дава и свој специфичен опис за „TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012“ како вино чија арома открива џем од јагоди и зачински ноти, со богат и раскошен вкус и добар баланс.

„TEN BARRELS SYRAH RESERVA 2012“ е вино кое е добиено од сопствените насади на винаријата Камник, а неговата посебност произлегува од двојната редукција на приносот, што резултира со парцијално дехидрирање на гроздовите на самата лоза. Раскошот на вкусот и аромата на ова вино произлегува од 25-месечното одлежување во нови барик-буриња од француски и американски даб.

Signature 2012

Уште едно вино кое во текот на мај на винаријата Камник ѝ донесе високи признанија е и „MERLOT SIGNATURE 2012 GRAND RESERVA“. Станува збор за моќно црвено вино кое покрај што ја освои шампионската титула на „GAST 2015“ во Март, Хрватска, освои и златен медал на „Вино Љубљана 2015“, Словенија. Од винаријата Камник велат дека овие престижни признанија за нив се повеќе од само признанија со кои може да се гордеат, тие се повик кон креирањето на совршени вински вкусови, кон потрагата по совршеното која е динамична и постојана.

Коментари

Популарно