Дневен хороскоп

ОВЕН

Станувате по малку тромави и ја губите потребата за акција. Повеќе сакате да им се препуштите на емоциите и да се одморите. Ако сте слободни, обрнете внимание на некој со кого соработувате веќе подолго време. Неговата заинтересираност не е само во рамките на работата. Овните што се во брак, привремено ќе ги решат проблемите со партнерот. До кога ќе трае примирјето, зависи, пред сè, од вас и од вашето однесување. Слободните Овни, денес ќе бидат изненадени од пораката која ќе ја добијат. Една личност од минатото ќе сака да ви се врати.

БИК

Денес е можна мала нервоза на работното место. Особено ќе ве изреволтира однесувањето на претпоставениот. Вам не ви е својствено бурно да реагирате, но сепак, ќе покажете дека не се согласувате со неговото размислување. Партнерските односи ќе бидат малку напнати, што ќе ви створи додатна нервоза. Можен е крај на новата врска и враќање на старата љубов, која сè уште не сте ја заборавиле. Денес е можен контакт преку СМС или преку социјалните мрежи.

БЛИЗНАЦИ

Не дозволувајте да се однесувате непријатно кон колегите и пријателите. Немирот кој ве обзема е ваш проблем, и нема потреба да им го пренесувате на другите. Доколку сте во брак или во подолга врска, можни се конфликти во врска со финансиите. Ако успеете да ја надминете ситуацијата, во текот на следните денови е можен финансиски прилив, кој ќе реши дел од вашите проблеми. Слободните Близнаци денес ги очекува интересен разговор преку социјалните мрежи, кој може да се претвори во голема привлечност.

РАК

Имате преземено многу обврски кои ве оптоваруваат и тешко излегувате на крај со нив. Колегите се тргаат настрана и ги игнорираат вашите сигнали за помош. Не дозволувајте да ве обземе нервоза и разочарување, особено кон еден колега кој и интимно ви се допаѓа. Доколку сте во брак, денешниот разговор со партнерот може да биде почеток на расплет на кризата во која се наоѓате. На ваше големо изненадување, тој ќе се обиде да соработува и ќе признае дел од грешките кои ги направил. Ако сте слободни, не губете го трпението кон личноста што ви се допаѓа.

ЛАВ

Обземени сте со домот и со некои обврски околу него. Можно е да сакате да реновирате или да купите стан или куќа. Вашите мегаломански потреби можат да ви создадат ситни непријатности со партнерот. Но сето тоа е од минлив карактер. Партнерот ве прифаќа такви какви што сте, но понекогаш има потреба да ви се спротивстави. Ако сте слободни, престанете да барате идеална личност. Тоа може да ве одведе во депресија и во уште поголема осаменост. Една личност што ја сметате за пријател е многу заинтересирана за вас.

ДЕВИЦА

Сметате дека луѓето што ве опкружуваат се многу пасивни и оти ништо не може да се спроведе без да бидете замешани. Критичкиот став кон колегите и партнерите може да ви создаде многу непријатели, и затоа бидете внимателни. Ако сте во брак, престанете да го притискате партнерот и да се обидувате да го смените. Обидете се да му помогнете со тоа што ќе преземете дел од неговите обврски. Ако сте слободни, денес ќе почувствувате страв од осаменост. Личност што не живее во вашиот град, може да ви ја врати насмевката на лицето.

ВАГА

Времето го поминувате во анализа на чекорите кои ги правите за да ја смените ситуацијата во која се наоѓате. Не барајте вина во себе туку во моменталните околности. Промената на ситуацијата ќе ви донесе и промена на статусот. Доколку сте во брак, обидете се да бидете пофлексибилни во однос на партнерот. Некои ситуации се повторуваат со години, но тоа не значи дека дека треба набрзина да ги решите. Доколку сте осамени, имате многу шанси за контакт со личност со која имате голема разлика во години.

СКОРПИЈА

Тензијата од изминатите денови полека поминува, но сè уште останува да го решите проблемот со финансиите. Помошта од партнерот ви е добредојдена и не одбивајте ја само за да покажете колку сте самостојни. Една личност се обидува да ви се приближи, но вие не сте заинтересирани. Воопшто не ве привлекуваат слаби луѓе што бараат рамо за плачење. Она што ве привлекува е личноста што ни сама не знае што да прави со себе, а за вас воопшто и не размислува. Време е да се оттргнете од опсесивното размислување и да тргнете во нов правец.

СТРЕЛЕЦ

Главоболката која ја чувствувате е поради обврските кои сами сте си ги наметнале. Обидете се да се ослободите од акумулираниот стрес со вежбање или со прошетки во природа. Ако не го сторите тоа, тој може да ве блокира и работите да тргнат во погрешен правец. Партнерот има желба да ви помогне, но треба да му го дозволите тоа. Не отфрлајте го неговото мислење. Ако сте слободни, размислете за гласот кој ќе го добиете. Не бидете наивни и не влегувајте во ситуации кои можат да ве повредат.

ЈАРЕЦ

Проблемите кои ги имате со сонот, продолжуваат и понатаму. Делумно сте сами криви за тоа, поради тоа што преземате врз себе многу обврски кои би можел да ги заврши и некој друг. Не пренесувајте ја нервозата од работното место на партнерот. Тој е тврдоглав и импулсивен, и со неговото однесување може да ви го расипе денот. Доколку сте слободни, една многу помлада личност може да ве заинтересира. Доколку сакате да ја освоите, не бидете толку конкретни и сувопарни. Обидете се да наметнете тема која ќе ја заинтересира.

ВОДОЛИЈА

Мислењето и ставовите ви се менуваат од саат во саат. Бидете внимателни на работното место и не влегувајте во непотребни расправии со колегите. Може да се случи да имате излив на бес, за кој подоцна ќе зажалите. Затоа е подобро да се воздржите отколку да реагирате на таков начин. Партнерот нонстоп ве критикува и чувствувате дека ги губите и оние малку емоции кои ви преостанале. Доколку сте осамени, денес ќе бидете задоволни од некои кратки разговори. Нема да имате желба да влегувате во нешто подлабоко со цел да ја забавите спротивната страна.

РИБИ

Денес ќе чувствувате потреба да им помогнете на некои колеги што се наоѓаат во незавидна ситуација. Чувството на емпатија ќе ве обземе, и воопшто нема да размислувате дали таа личност заслужила или не заслужила да $ помогнете. Ако сте во брак, бидете внимателни и не оставајте траги зад себе. Партнерот може да открие дека нешто се случува со вас. Познато е дека се чувствувате нецелосни без партнер и, доколку сте осамени, прифатете ја понудата за кафе. Но не дозволувајте на личноста што ви се допаѓа да $ бидете рамо за плачење.

Коментари

Популарно